матурски десерти

5 лесни матурски десерти кои може да ги направите за 15 минути

Ќе припремате матурска трпеза? Нека биде убава и посебна! Доколку немате идеја кои матурски десерти да ги приготвите за прославата или ако сакате да направите нешто ново пробајте ги овие 5 брзи и лесни рецепти инспирирани од Vincinni и Fantasia!

Направете слатка маса со нашите избрани рецепти на која никој нема да остане рамнодушен. Едноставни за подготовка, сочни, вкусни и богати, ќе ги воодушеват гостите!

Непечена торта со бисквити и лешници

Овие торти ги обожаваме! Брзи се и секој може да ги направи. Потребни ви се 400 грама кршени бисквити од Vincinni, 300 грама чоколадо за готвење, 100 грама путер, 5 сечкани крем банани, 50 грама сечкани лешници и 100 мл млеко. Чоколадото и путерот растопете ги, а потоа додајте ги преостанатите состојки. Тортата ставете ја во правоаголен калап и оставете ја да се стегне. Декорирајте ја со шлаг крем, паричиња бисквити и лешници.

матурски десерти

Страчатела торта со готови кори

Ако сакате да ги засладите гостите со убава торта, време е да го пробате нашиот брз рецепт. Купете готови кори од Vincinni, изматете шлаг крем или слатката павлака. Во изматената слатка павлака додајте рендано чоколадо. Корите премачкајте ги со чоколаден прелив Chocola и филовајте ги со приготвениот крем. На крај декорацијата завршете ја чоколаден прелив, парче портокал и друго сезонско овошје по желба. Вкусно, зар не?

рецепти за матурски десерти

2 рецепти за екстра брзи и сочни чоколадни мафини

Немате многу време, а сакате вашата трпеза да блеска со голем сјај? Имаме супер предлог за чоколадни мафини со вишна. Купете Brownie од Vincinni и изматете малку шлаг. Мафините украсете ги со шлагот и декорирајте ги со шарени трошки од Fantasia.

рецепти за матурски колачи

Исто, може да направите чоколадни мафини со смесата од Fantasia. Потребни ви се само 2 јајца, 75 мл вода, 100 мл масло и Choco Maffin Mix од Fantasia. Подготовката на мафините погледнете ја на видеото.

Брзи чоколадни бомбици

Ова е нашиот омилен рецепт за подготовка на чоколадни бомбици кои ги правиме за свечени прилики. Во сад на оган ставете 100 мл вода, 2 лажици шеќер и 100 грама чоколадо за готвење. Штом чоколадото се растопи во садот додајте 200 грама мелени бисквити од Vincinni и 200 грама јаткасти мелени или сечкани јаткасти плодови по избор (кикирики, лешници, ореви, суво грозје или кокос од Сончева долина). Формирајте бомбици и украсете ги по желба.

Ви предлагаме да прочитате: Fantasia Brownie – брз колач кој може да го направи секој.

*Комерцијален текст

Сподели: