5 начини за намалување на симптомите на анксиозност

Чувствувате страв и загриженост? Имате чувство на внатрешна напнатост и немир, ослабена концентрација и раздразливост?  – Тоа се само некои од симптомите на анксиозност. Ако навреме не се реагира, може да влијаат на човековото однесување и да го оневозможат нормалниот живот. Токму затоа, важно е да бидеме свесни за овие симптоми со цел да ги препознаеме и навремено и правилно да реагираме. Сте се соочиле ли досега со ваков проблем? Знаете ли како да ги намалите симптомите на анксиозност? – Прочитајте во продолжение.

Во одредени моменти сите луѓе доживуваат анксиозност и паника. Тие се нормална реакција во стресни и опасни ситуации. Сепак, кај некои луѓе чувството на страв и паника се јавува редовно и тоа често без очигледна причина. За да ги намалите симптомите на анксиозност важна е и правилната исхрана. Консумирајте здрава храна и намалете го внесот на алкохол.

начини за намалување на анксиозност

Спиење 7-9 часа

Добриот сон ја спречува појавата на анксиозност во текот на денот. Воспоставете рутина за спиење и внесувајте протеини и јаглехидрати непосредно пред спиење, односно за време на вечерата.

Исхрана богата со витамин и минерали

Храната која е богата со витаминот Б6, магнезиум и цинк е добредојдена во случај на анксиозност. Магнезиумот е вклучен во повеќе од 600 реакции во телото, вклучувајќи ја мозочната функција и расположението, а недостатокот од него е поврзан со депресија. Комбинацијата на магнезиум со витамин Б6 ги опушта нервите, ја подобрува работата на мозокот и го намалува стресот. Доколку сметате дека овие витамини и минерали не ги внесувате преку исхраната во доволна количина, тогаш може да користите и додатоци во исхраната. Од додатоци кои се достапни кај нас ви ги препорачуваме:

  •  Magnesium меки капсулиMagnesium Citrate и Magnesium Malate. Magnesium меки капсулиMagnesium Citrate и Magnesium Malate придонесуваат за: намалување на заморот и исцрпеноста, нормално функционирање на нервниот систем, нормална ментална функција, за електролитна рамнотежа и нормален енергетски метаболизам.
  • L-OptiZinc. L-OptiZinc e високо биорасположлива форма на додаток на исхраната. L-OptiZinc® е форма на комплекс на цинк со аминокиселината метионин. Цинкот е одговорен за над 300 ензимски реакции во организмот. Недостигот доведува до депресивни симптоми, мускулна атрофија, ниско ниво на тестостерон.

Водење дневник

Пишувањето за ситуацијата и настаните што предизвикуваат стрес може да помогне да се намали интензитетот на вознемиреност.

Сончева светлина

Недостатокот на сончева светлина се поврзува со недостаток на витамин Д, а тоа е уште една причина за анксиозност. Изложеноста на природна сончева светлина предизвикува и ослободување на серотонин во мозокот, зголемувајќи го чувството на смиреност.

Ограничете ги рафинираните јаглехидрати

Храната богата со рафинирани јаглехидрати може да предизвика зголемување и намалување на нивото на шеќер во крвта. Пад на нивото на шеќер во крвта ги зголемува симптомите на вознемиреност.

Што друго може да ви помогне?

За било каков здравствен проблем најдобро е секогаш прво да се консултирате со вашиот лекар. А за дополнителна помош и намалување на нервозата, ви препорачуваме да земате додаток во исхраната – L-Tryptophan од Now. Ова е една од 8-те есенцијални аминокиселини која организмот не може да ја синтетизира заради што, мора да се внесува преку храната или преку суплементација. L-Tryptophan е критична за производство на хормоните на среќата – серотонин и мелатонин, кои помагаат во поддршка на позитивното расположение, здравиот сон и правилната функција на имунолошкиот систем. L-Tryptophan сега може да го порачате и со 30% попуст. Попустот важи само за онлајн нарачки.

тримекс

Производите може да ги нарачате од онлајн продавницата на Тримекс и да ги добиете со бесплата достава. Истите се достапни и ви повеќето аптеки низ земјава. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Ви препорачуваме да прочитате: 5 совети за лесно надминување на нервозата и напнатоста.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: