5 креативни идеи и рецепти со мед и таан

Бидете здрави, силни и енергични! Зајакнете го имунитетот, подобрете ја крвната слика, направете детоксикација со „лекот“ од нашите баби! За да го постигнете тоа преку храната, може да ви помогне лековитата комбинација од мед и таан кои се први на листата на најздрави намирници! Ви претставуваме 5 креативни идеи и рецепти во кои може да додавате мед и таан, и да ги искористите придобивките од природата.

Таанот кој во светот е познат како тахини, претставува паста направена од сусам, а е главна состојка на хумусот и на традиционалната таан алва. Изобилува со минерали како железо, калиум, магнезиум и фосфор, како и витамините од групата Б и витаминот Е. Интересно е што здравиот таан содржи повеќе протеини отколку поголемиот дел од јаткасти и легуминозни плодови. Медот се користи како народен лек низ историјата за многу различни здравствени состојби и медицински намени. Дури во некои болници низ светот се користи и за третмани на рани. Поседува антибактериски и антифугални својства, богат е со антиоксиданси и е единствената храна која не се расипува.

медотаан мед и таан

А најдобро од сѐ е тоа што медот и таанот се достапни кај нас во супер хранлива комбинација позната под името Медотаан. Медотаанот е производ од Рес-Ком, добиен од природен мед помешан со таан, а оваа прекрасната комбинација воодушевува со својот вкус и арома. И не само што е вкусен, медотаанот е хранлив производ и го чува здравјето, па може да се рече дека е идеален за сите генерации. Може да се консумира како намаз, а и на бројни начини во кујната. Во оваа прилика, споделуваме корисни совети кои ќе ви помогнат да го вклучите медотаанот во дневното мени.

Направете вкусен чоколаден намаз 

Во мал сад ставете неколку лажици медотаан и додајте какао. Измешајте и добиениот намаз ставете го врз парче интегрален леб, бисквити или колачи. Додајте свежо овошје и уживајте во слатката комбинација.

Може да се користи како додаток во прелив за салати

Еден од најдобрите и наједноставни начини за вклучување на медотаанот во секојдневната исхрана е негова употреба како прелив за салата. Направете овошна салата и додајте медотаан. Така ќе го збогатите го вкусот и хранливата вредност на салатата.

Додајте го во омилената гранола или мусли за појадок

Дали некогаш сте приготвувале домашни гранола плочки или мусли за појадок со путер од кикиритки? – Пробајте нова комбинација и путерот заменете го со медотаан. Многумина се согласуваат дека новата комбинација повеќе им се допаѓа, а освен тоа медотаанот е одлична алтернатива доколку имате алергија на кикирики.

Направете посно смути со медотаан

За време на пости, не се откажувајте од омиленото смути. Јогуртот заменете го со растително млеко и додајте 1 до 2 лажици медотаан. Сигурни сме дека ќе се заљубите во вкусот уште при првата голтка!

Може да го додавате во колачи и бисквити

Веќе споменавме дека медотаанот може да го замени путерот од кикиритки, па може да го додавате кога приготвувате колачи и бисквити. На тој начин ќе добиете идентично сладникав вкус како и со путерот од кикиритки.

Наша препорака:

Ако сакате да дознаете повеќе за медотаанот, или сте во потрага по квалитетен и природен мед посетете ја фан страницата на Res-Kom Resen, нивниот инстаграм профил или контактирајте ги на телефонот 047 452 489.

Ви препорачуваме да прочитате: Мед и таан – совршена комбинација која е моќен чувар на здравјето.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: