5 препораки за здраво слабеење без строги диети 1

5 препораки за здраво слабеење без строги диети

Иако постојат навистина голем број на рестриктивни диети кои ветуваат брзо губење на килограмите за кратко време, многу нутриционисти тврдат дека за да се намалат килограмите не мора секогаш да се држи диета. Ако ве интересира како е можно да ослабете без да држите строги диети, прочитајте ги нашите препораки за здраво слабеење.

Па, доколку сакате да ослабете, а при тоа да имате трајни резултати, важно е да разберете дека тоа можеби нема да се случи преку ноќ. Треба да бидете истрајни и да не се откажувате додека ја постигнете вашата цел. Секој може да успее, само потребна е  многу дисциплина и истрајност.

Немојте да ги прескокнувате оброците

Прво и основно правило кај здравиот начин на исхрана е да се храните редовно, без да ги прескокнувате оброците. Во случај да го прескокнете појадокот, голема е веројатноста за време на ручекот да изедете многу повеќе од вообичаеното и дозволеното. Тоа секако не ви оди во прилог во остварувањето на вашите соништа за витка фигура. Во текот на денот би требало да имате три главни оброци и две ужини. Иако сме сигурни дека е мал бројот на оние кои сакаат да ослабнат и јадат по пет пати во текот на денот, обидете се еден период да јадете на овој начин. Резултатите ќе ве изненадат!

препораки за здраво слабеење

Пијте многу вода

Пиењето на вода во текот на денот се покажало како еден од најефикасните и наједноставните начини за губење на килограми. Со помош на водата може да го намалите чувството на глад, а истовремено да ги елиминирате сите штетни материи од организмот и да ја подобрите дигестијата на храната. Па, ова е супер мотив секогаш да имате шише со вода покрај вас.

Инсталирајте апликација за следење на калориите во вашиот паметен телефон

Постојат многу апликации со чија помош ќе може да ги следите сите ваши фитнес достигнувања во текот на денот. Па така, покрај тоа што секогаш ќе имате увид колку сте биле активни и колку калории сте потрошиле во текот на денот, тие ќе ви бидат и одличен мотив да се движите уште повеќе.

Консумирајте здрави намирници како Spirulina Pacifica

Обидете се во вашата секојдневна исхрана да вклучите што е можно повеќе здрави намирници кои се богати со антиоксиданси и кои се сметаат за супер храна. На тој начин ќе го обезбедите вашиот организам со потребното количество на витамини и минерали како и со сите останати нутриенти кои му се неопходни на организмот за правилна работа и функција. А, на нашата листа за супер здрави намирници секогаш посебно место има моќната Spirulina Pacifica која и ние редовно ја консумираме. Таа, покрај тоа што има бројни позитивни придобивки за целокупното здравје, доколку се консумира пред јадење го намалува и чувството на глад. Па така, со нејзиното консумирање не само што ќе го обезбедите  телото со многу важни хранливи состојки, туку и ќе јадете помалку. За да ги искористите максимално овие придобивки, консумирајте Spirulina Pacifica наутро или до средината на денот.

Подетално разгледајте ги 3-те факти кои ја прават Spirulina Pacifica идеална храна за слабеење.

Spirulina pacifica ја има во сите поголеми аптеки во Македонија и тоа во пакувања со различни големини, од 100 таблети200 таблети и 400 таблети од 500 мг или во форма на прав. Уште полесно, може да кликнете на онлајн продавницата на Тримекс и да ги нарачате директно на ваша адреса или на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000.

Почнете да се занимавате со некој спорт

Не мора да се занимавате професионално со спорт и да тренирате активно секој ден. Едноставно одберете го спортот кој најмногу го сакате и ве релаксира, и почнете рекреативно да вежбате. Суштината е во тоа да се занимавате со нешто во што уживате, а при тоа и ќе губите килограми. Ако сепак не сте спортски тип, едноставно почнете да пешачите барем по 1 час секој ден.

Ви препорачуваме да прочитате: Spirulina pacifica – најмоќна храна на земјата и прочистувач на телото!

Сподели: