спирулина за слабеење

3 факти кои ја прават Hawaiian Spirulina идеална храна за слабеење

Дали посакувате да се вратите во времето кога имавте неколку килограми помалку? Дали ви е смачено од носење на поширока облека, темни пантолони и мидери кои ја кријат вашата фигура? Притоа, факт е дека оваа облека не може да ве заштити од заболувања кои се предизвикани од прекумерната телесна тежина, како што се дијабетесот, кардиоваскуларните заболувања и неплодноста. Но, намалувањето на вишокот на килограми може. За таа цел може да ви помогне и спирулината. Прочитајте ги 3-те факти кои ја прават Hawaiian Spirulina идеална храна за слабеење.

Ако имате сериозни намери да се вратите во форма, освен што ќе избирате и консумирате здрава храна и ќе вежбате, треба да направите нешто плус. Еден таков бунус за помош, се додатоците во исхраната, кои може да ви помогнат да го забрзате процесот. Можеби ќе се изненадите, но да, природен суплемент е Hawaiian Spirulina има сособност да влијае позитивно на слабеењето. Оваа сино-зелена алга е наречена „Најдобра храна на иднината“ од страна ОН поради многу причини, а намалувањето на вишокот на килограми е само една од нив. Прочитајте како може спирулина да ви помогне за слабеење, каде да ја купите, како се користи…

спирулина за слабеење

Како спирулината го помага слабеењето?

Спирулината и намалувањето на вишокот килограми се магична комбинација. Оваа слатководна алга се одгледува насекаде во светот од Мексико до Африка, па и Хаваи, и е многу барана поради големите нутритивни вредности. Дури и НАСА ја препорачува спирулината како храна за астронаутите кои се наоѓаат на мисија во вселената. А еве како може Hawaiian Spirulina да ви помогне за слабеење:

Ниска калориска вредност

Една лажица (7 грама) Hawaiian Spirulina во прав содржи само 20 калории. Консумирањето на ниско калорична храна е важен фактор за намалување на килограмите. Доколку се одлучите за Hawaiian Spirulina во прав, можете да ја додавате во утринските смути или сокови, без притоа да се грижите за бројот на калории. Кога сме кај рецептите еве неколку предлози од нас со Spirulina Pacifica во прав:

Hawaiian Spirulina е високо протеинска храна

Можеби сте слушнале дека исхраната која е богата со протеини, а сиромашна со јаглени хидрати може да ви помогне за намалување на вишокот килограми. Hawaiian Spirulina содржи 60-70% протеини, во чиј состав влегуваат сите есенцијални амино киселини. Времето кое е потребно за дигестирање на протеините е подолго во споредба со едноставните јаглени хидрати. Така, со консумацијата на спирулина ќе се чувствувате сити подолго време. Протеините помагаат за градба на мускулната маса, па така ќе изгледате по витко, а ќе ја зголемите мускулната сила и издржливост.

Исхраната богата со намирници кои содржат високо квалитетни протеини како Hawaiian Spirulina, го помага процесот на слабеење и го намалува складирањето на мастите преку различни механизми. Бидејќи е потребна поголема енергија за метаболизирање, консумацијата на протеини помага во одржувањето на мускулното ткиво и го подобрува согорувањето на мастите.

Исто така, овој начин на исхрана го намалува гладот што е од особена корист кај лицата со прекумерна телесна тежина. За да ги искористите максимално овие придобивки, консумирајте Hawaiian Spirulina наутро или до средината на денот.

Може да ве интересира: Што важно треба да знаете при изборот на спирулина?

Богата е со значајни хранливи состојки

Спирулината е богата со витамините Ц, Б1, Б6, Б5 и Е, и минерали како бакар, цинк, манган, корисни ензими и растителни влакна кои ја прават совршен суплемент за намалување на вишокот килограми. Овие минерали, витамини, ензими и растителни влакна го подобруваат варењето на храната, метаболизмот, ги отстрануваат токсините и превенираат апсорпција на масти.

Покрај тоа, Hawaiian Spirulina е богата со железо, витамини од Б комплексот и хлорофил, па ќе бидете сигурни дека ќе ги избегнете проблемите со анемијата која е многу честа појава кај лицата кои се обидуваат да ја намалат телесната тежина или пак држат некаква диета. Се препорачува да ја консумирааат и лица кои поради неправилниот начин на исхрана имаат покачен холестерол и триглицериди.

Во која форма е достапна и каде може да се набави спирулината кај нас?

Hawaiian Spirulina ја има во сите поголеми аптеки во Македонија и тоа во пакувања со различни големини, од 100 таблети200 таблети и 400 таблети од 500 мг или во форма на прав. Уште полесно, може да кликнете на онлајн продавницата на Тримекс и да ги нарачате директно на ваша адреса или на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000.

А доколку имате прашања за користењето на Hawaiian Spirulina, слободно пишете ни порака на info@sezahrana.mk. Ние ќе ја консултираме Д-р Нела и ќе одговориме на вашето барање.

Може да ве интересира: Д-р Нела советува: За кого е наменета спирулината? Кој сè може да ја користи?

*Комерцијален текст

Сподели: