5 рецепти за 30 минути

5 рецепти за 30 минути во Kitchen wars – финална епизода

Креативност, вештини и одлична кулинарска дружба! Се одржа и финалната епизода од краткиот серијал Kitchen wars, кој го работевме на Ig live на инстаграм профилот на @sezahrana.mk во партнерство со Подравка. Овој пат ни готвеа 4 познати фуд блогери и истите беа поделени во два тима. Сѐ за храна тим – Катерина и Марија, и тим од победниците од претходните епизоди, Мартина и шеф Дејан. Темата беше салати и главни јадења, па учесниците ни приготвија 5 рецепти, од кои 3 салати и 2 главни јадења. Уживајте во сликите и пробајте ги јадењата!

Погледнете ги рецептите и гласајте кој е вашиот фаворит и кој тим заслужува да биде прогласен за победник.

Класична мексиканска салата

„Имате 10 минути за да си направите изобилство од бои и вкусови?! Одлична е како предјадење, прилог или посен/вегански оброк, за комбинирање со тортиљи и јајца или месо, а супер е и за носење. Може да ја подготвите и ден порано, само авокадото додајте го непосредно пред јадење.“ – вели @katerina.shambevska.

класична мексиканска салата

Состојки:

  • 1 конзерва црвен грав од Подравка (400 г)
  • 1 конзерва пченка од Подравка (150 г)
  • 1 домат исечкан на коцки
  • 1 портокалева пиперка на коцки
  • ½ главица црвен кромид исечкан на коцки
  • 1-2 чешниња сечкан лук
  • 1 авокадо исечкано на коцки.

За прелив:

Подготовка:

  1. Прво подгответе го преливот. Измешајте ги сите состојки и оставете го малку да отстои (до 1 час.)
  2. Отворете ги конзервите и процедете ги црвениот грав и пченката. Сервирајте ги во поголема чинија.
  3. Потоа, додајте ги сите останати состојки и прелијте ја салатата со преливот, па измешајте. На здравје!

Фахити со пилешко и зеленчук

„Брз и здрав предлог за ручек или вечера! Ова е еден од моите омилени рецепти за главно јадење кој избилува со хранливи состојки.“ – вели @kocovska.marija.

фахити со пилешко и зеленчук

Состојки:

  • 2 парчиња пилешки стек
  • 1 тиквичка
  • 3 пиперки
  • 1 главица кромид
  • 7-8 шампињони
  • 2-3 лажици маслиново масло
  • 2-4 тортиљи за сервирање.

За фахити зачин:

Подготовка:

  1. Во мал сад се ставаат зачините и се мешаат.
  2. Пилешкиот стек се сечка на ленти и се зачинува со половина од мешавината на зачини и 2 лажици маслиново масло. Се меша и се остава во маринадата додека се сечкаат зеленчуците.
  3. Тиквичката, кромидот, пиперките и шампињоните се сечкаат на ленти.
  4. Стекот се пропржува околу 7-8 минути и се вади од тавата. Во тавата се додава малку масло и кромидот. Се пржи 1-2 минути и се додаваат другите зеленчуци. Се пропржуваат и се додава преостанатата мешавина од зачините. По 5-7 минути се додава стекот и се пржат заедно уште 2-3 минути. По желба може да се зачини со свежо цеден сок од лимон.
  5. Фахитито се става во тортиљи и се служи со павлака, магдонос или гвакамоле по желба.

Совети плус:

  • При подготовката може да додадете и 2 лажици соја сос.
  • Ако не јадете некој од зеленчуците, може да го изоставите.

Свежа мексиканска салата

„Со свежи салати може да правиме безброј комбинации, а оваа е една од моите омилени. Црвен грав и пченка секогаш имам во фрижидер, а одлично се вклопуваат во оваа салата!“ – вели Мартина.

мексиканска салата

Состојки:

  • 1 конзерва Tex- Mex микс (пченка и црвен грав)
  • марула
  • домат
  • краставица
  • маслинки
  • ленти кашкавал
  • сок од пола лимон/лимета

За сос:

Подготовка:

  1. Краставицата и доматот исечкајте ги на коцки. Марулата исечкајте ја на ленти.
  2. Во подлабок сад ставете го миксот од пченка и грав. Додајте ги краставицата и доматот. Ставете маслиново масло и сок од половина лимон и убаво измешајте.
  3. Во посебен сад измешајте ги состојките за сосот и зачинете. Со подготвениот сос прелијте ја салатата, додајте кашкавал и парчиња лимета и послужете ја. На здравје!

Крем салата

Состојки:

Подготовка:

  1. Во подлабок сад ставете ги јогуртот, исечканото сувомеснато, миксот од пченка и црвен грав и краставицата.
  2. Додајте сок од лимон, зачинете и убаво измешајте.
  3. Салатата може да ја послужите како мезе со кифлички или со тортиља чипс. На здравје!

Маринирано пилешко филе со сос

„Крцкаво и многу вкусно! Пробајте го во прва прилика.“ – вели Дејан.

маринирано пилешко филе

Состојки:

За маринада:

За пржење:

За сос:

Подготовка:

  1. Во подлабок сад направете маринада за месото. Ставете ги сите состојки и убаво измешајте.
  2. Пилешкото филе исечкајте го на коцки и ставете го во маринадата да отстои најмалку 1 час, а најдобро да стои цела ноќ.
  3. Брашното, густинот и зачините ставете ги во сад и измешајте. Месото убаво извалајте го во смесата.
  4. Пржете во тава со претходно загреано масло околу 5-7 минути. Месото извадете го на хартија за да се впие вишокот на масло.
  5. Во сад измешајте ги сите состојки за подготовка на сосот и убаво измешајте за состојките да се соединат.
  6. Пилешкото месо послужете го со подготвениот сос и уживајте!

Ако ја пропуштивте епизодата погледнете ја тука: 

Ви препорачуваме да прочитате: 4 мини бургери за 20 минути во Kitchen wars, епизода 2 – шеф Марк и шеф Дејан.

*Спонзориран текст.

Сподели: