Солта им дава подобар вкус на јадењата, но пресолената храна може да има катастрофални последици врз здравјето. Американската асоцијација за срце АНА, препорачува да се консумира од 1500 до 2400 мг сол на ден. Во една статија објавена во The New England Journal of Medicine се докажало дека има околу 165 милиони смртни случаи ширум светот кои се поврзани со прекумерната потрошувачка на натриум на годишно ниво. Многу луѓе, иако не умираат од преголема консумација на сол имаат низа здравствени последици предизвикани од неа.
Во продолжение дознајте кои се ризици ве демнат доколку консумирате сол во поголеми количини од препорачаните.

Проблеми со бубрезите
Исхраната богата со натриум го зголемува ризикот од појава на камен во бубрег, бидејќи го зголемува нивото на калциум во урината. Со поголемата консумација на сол, организмот задржува повеќе течности со цел да го разреди вишокот на натриум. Телото, во нормални случаи за да го намали вишокот на течности филтрира повеќе крв низ бубрезите. Меѓутоа, кога внесувате премногу сол, бубрезите ќе отстрануваат помалку вода и како резултат на тоа се покачува крвниот притисок. Ова во најлош случај може да доведе до откажување на бубрезите, бидејќи како што крвниот притисок се зголемува, се прави огромен притисок врз артериите во бубрезите.
Висок крвен притисок
Лицата кои консумираат повеќе сол имаат поголем ризик од појава на висок крвен притисок. Ова се случува затоа што солта го оневозможува излачувањето на течностите од организмот, што ја отежнува работата на срцето. Тоа прави толку голем притисок врз сите органи, што може да доведе до срцеви заболувања, мозочен удар, деменција и други сериозни заболувања.
Чувство на надуеност и отоци
Кога внесувате премногу натриум, како што веќе напоменавме, органзмот задржува и вишок на течности. Тоа може да доведе до надуеност во стомакот, па дури и до оток во нозете и рацете.
Когнитивни оштетувања
Иако, многу причини може да предизвикаат когнитивни оштетувања, една од нив е секако и прекумерната консумација на сол. Во една студија објавена во 2011 година се докажало дека постарите лица кои консумирале високи количини на сол и воделе седечки начин на живот, имале повеќе конгитивни нарушувања. Исто така, лицата кои јадат повеќе сол, обично не пијат доволно вода, па уште една причина за овие нарушувања на мозокот може да биде и дехидратацијата.
Остеопороза и проблеми со коските
Лицата кои консумираат многу сол губат повеќе калциум преку урината и дефицитот на овој минерал во крвта се надополнува од коските, па сето тоа води до остеопороза.
Ви препорачуваме да прочитате:Внимателно со солта! Знаете ли дека влијае на организмот од најмала возраст?