Во последно време се направени голем број на студии кои го проучиле дејството на солта врз човековата психологија и нејзиното влијание врз здравјето. Сигурно сте слушнале дека прекумерната консумација на сол во подолг временски период се поврзува со зголемен ризик од висок крвен притисок и кардиоваскуларни заболувања. Па, доколку имате проблем со покачен крвен притисок или се соочувате со кардиоваскуларни болести, намалете ја количината на сол во исхраната. А за да ви ја олесниме целта, ви припремивме листа на 5 скриени извори на сол.
Можеби избегнувате да консумирате одредени солени намирници, но треба да знаете дека постојат многу производи има додадено сол. Дел од истражувањата утврдиле дека 75% од дневните внесувања на сол всушност доаѓаат од додадената сол во пакуваните производи.

Во продолжение ви претставуваме листа на намирници за кои никогаш не би помислиле дека во себе кријат огромни количества на скриена сол.
Гранолa, мусли, колачи и печива
Д-р Кадл истакнува дека солта го подобрува вкусот на јадењата и ги прави колачите да бидат покрцкави. Поради овие причини, гранолата и другите преработени јадења во себе содржат многу повеќе натриум отколку што би можеле да замислиме. Па така на пример, една порција палачинки може да содржи 800 мг натриум. Затоа при купување, добро читајте ги етикетите. Доколку сте во можност изберете органски житарици со помалку состојки во својот состав или пак подгответе си домашна гранола за појадок. Еве еден предлог за гранола бар од здрави состојки, по лесен домашен рецепт.
Сокови
Соковите најчесто се поврзуваат со голема количина на шеќер во својот состав, но некои од нив може да содржат и сол. Притоа, бидете внимателни кога купувате сок од зеленчук, затоа што тие содржат поголема количина на сол. Повторно ќе кажеме, штом купувате ваков производ секогаш внимателно читајте ја неговата етикета, а уште подобро е да си направите дома. Прочитајте како со сок од зеленчук и добри напитоци може да постигнете витка линија.
Преливи за салата
Во последно време, многу често може да се најдат готови преливи за салата по маркетите. Додека повеќето луѓе се фокусираат на калориската вредност на дресингот за салата, се докажало дека овие производи во себе може да содржат огромни количини на натриум. Па така, една порција (2 лажици прелив за салата) може да да содржи околу 260-300 мг сол. Синото сирење како и другите кремасти сирења кои се користат за преливи пак се докажало дека се најголем скриен извор на натриум. Затоа е најдобро овие преливи за салата да се прават дома, со што би се намалил внесот на сол во организмот. А, ако сте љубител на туна салата, пробајте го овој рецепт со домашен прелив.
Конзервирани печурки
Ретко кој од нас прави конзервирани печурки, па често ни се случува да купуваме. Во една неодамнешна студија, беше откриено дека печурките содржат повеќе сол отколку што се очекува. Во зависност од производителот тие може да содржат од 550-780 мг натриум по тегла. Пак ќе напоменеме дека доколку имате покачен крвен притисок, наместо конзервирани печурки, изберете свежи.
Саламурени пилешки гради
Јадењата од пилешки гради се едни од највкусните, но сепак доколку купувате саламурен пилешки стек, прочитајте ја етикетата. На тој начин, веројатноста да внесете поголеми количини на сол од потребните, ќе ја сведете на минимум.
Ви препорачуваме да прочитате: Лековити својства на природна морска сол.