Доколку не уживате многу во чистењето, а средувањето на домот ви е вистинско мачење, постојат неколку трикови со кои секогаш ќе имате чист и уреден дом. На тој начин ќе имате повеќе време за себе, а ќе вложувате помалку напор во чистењето.
Во нашите домаќинства, најчесто викендите, поголем дел од времето се поминува во чистење во кое е вклучено целото семејство, а никој не ужива во тоа. Па, за да не ви поминува секој викенд во средување на хаосот, важно е секојдневно да го одржувате редот и чистотата во домот. Еве неколку трикови.

Ослободете се од непотребни работи
Дом во кој нема непотребни нешта е многу полесно да се одржува чист и среден. Ослободете се од работите кои не ги користите, алиштата и обувките кои не ги носите, предметите кои не ги користите. Сето она што не го користите повеќе од 1 година или пак подолго, веќе нема потреба да го чувате.
Направете ред во гардероберите
Секое парче облека или обувки треба да има свое место. Така ќе биде полесно да го најдете, користите и вратите на свое место.
Потрудете се на секоја закачалка да виси по едно парче облека, така ќе имате повеќе прегледност.
Користете организери за фиоки и шкафчиња
Организерите или кутиите за фиоки и шкафчињата помагаат во редење, сортирање и прегледност на работите. На тој начин избегнувате хаос и вечно „копање“ по фиоката за да го најдете она што ви е потребно.
Премногу мебел и предмети
Никогаш не го трупајте просторот со непотребен мебел или премногу декоративни предмети. Премногу мебел го „гуши“ просторот и поради тоа домот изгледа неуредно и неорганизирано. Освен тоа, ви задава дополнителен труд за бришење прашина и општо одржување.
Свеж воздух во домот
Свеж воздух и пријатен мирис во домот прават да се чувствуваме удобно. Отворете ги вратите и прозорците и внесете свеж воздух во просториите. Најдобро е да ги држите отворени навечер или рано наутро, кога времето е посвежо. Ставете собни цвеќиња, дифузери со етерични масла или прочистувачи и навлажнувачи на воздухот. Прочистувачите на воздух го филтрираат истиот и со тоа испуштаат фини мириси.
Ви препорачуваме да прочитате: 8 природни намирници за лесно чистење на домот.