чистење на бањата

5 домашни средства за совршено чиста бања

Ги имате испробано сите средства за чистење на бањата кои сте ги пронашле во маркетите, но не сте потполно задоволни со ниедно од нив? Сега може сами да направите домашни средства за совршено чиста бања, со неколку едноставни состојки кои сигурно ги имате во вашата кујна.

Ефикасно средство за чистење на купатило со киселина

Сигурно и на вас чистењето на купатилото ви е најдосадната работа низ дома. Без разлика колку го чистите, по кратко време, тврдокорните дамки од сапун и трагите од вода повторно се појавуваат. Но, постои едноставно решение. Сега може да направете домашно ефикасно средство за чистење на купатило со кое ќе заштедите пари, време, но ќе имате и совршено чисто купатило. Кликнете тука и прочитајте што ви е потребно и како може да го направите ова средство.

чиста бања

Домашно средство за чистење на купатило со сода бикарбона

Сега може да си направите домашно средство за чистење на бањата со состојки кои сигурно ги имате во домот. На овој начин, ќе помогнете во заштита на околината, а истовремено ќе заштедите и пари. Прочитајте што ви е потребно за да го направите ова домашно средство со сода бикарбона.

Природно средство за чистење на фуги

Плочките во купатилото или во кујната можете да ги чистите колку што сакате, но доколку не успеете добро да ја отстраните, целата таа нечистотија се насобира во просторите помеѓу нив, односно фугите. Сигурно се прашувате како најефикасно да ги отстраните наталожените наслаги и да имате чисти фуги? Еве супер природно средство со кое темелно ќе ги исчистите фугите.

Домашни средства за чистење на бањата и тоалетот

Сега можете да ја одржите хигиената во бањата и тоалетот на малку поинаков, но подеднакво ефективен начин. Пробајте ги нашите домашни средства за чистење и ќе се уверите во резултатот. Лесно направете средство за чистење на тоалетот и вц школката. Кликнете тука и прочитајте што ви е потребно и како може да ги направите овие средства.

Ви предлагаме да прочитате: 16 начини да употребите сол за чистење на цела куќа.

Сподели: