5 карактеристики на емоционалниот глад 1

5 карактеристики на емоционалниот глад

Емоционалниот глад не мора секогаш да значи дека сме гладни, понекогаш тоа може да има многу подлабоки причини. На сите ни се случува понекогаш, по ручекот да продолжиме да се прејадуваме и да изедеме големо пакетче чипс или цела чоколада, но ако тоа се случува често, ќе дојде до неможност за слабеење, дури и до покачување на килограмите без да забележиме.

Д-р Дорин Виртју, психолог и клинички терапевт за нарушување на исхраната, во книгата „Потреба за храна“ тврди дека емоционалното прејадување е најголемиот виновник за секое здебелување, нерамномерна исхрана и секоја болест поврзана со храната. Уште одамна многу светски научници тврдат дека проблемот со вишокот килограми и нездравата храна не е само физичкиот глад, туку повеќе е емоционалниот глад, кој се крие некаде подлабоко во психата и не дозволува да се ослободиме од бројните непотребни калории.

5 карактеристики на емоционалниот глад 2

Ова се неколкуте карактеристики по кои ќе препознаете дека не сте навистина гладни, туку ви се јавува емоционален глад:

Емоционалниот глад доаѓа наеднаш, како напад

Се јавува наеднаш, а физичкиот глад се јавува постепено, дава сигнали во желудникот.

Насочен е кон специфична храна

Имате потреба да јадете само одредена храна и ниедна замена не може да ве задоволи.

Невозможно е да го одложите

Емоционалниот глад бара храна за што поскоро да се ублажат непријатните чувства. Поврзан е и со вознемирувачките емоции во телото. Емоционалниот глад се јавува во вознемирувачки моменти и ситуации.

Буди чувство на вина

Парадоксот на емоционалното прејадување е во тоа што јадете за да се чувствувате подобро, а потоа се критикувате само зошто сте јаделе чипс или колачи. Си ветувате дека ќе надоместите со вежбање, прескокнување оброк и слично, но ништо од тоа не можете да направите, бидејќи емоционалниот глад не можете да го спречите.

Ви препорачуваме да прочитате: Важни чекори за да го трансформирате своето тело засекогаш.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: