Како најбрзо да отстраните дамки од кафе

6 начини за најбрзо да отстраните дамки од кафе

Често ни се случува да истуриме кафе и да не можеме да ги отстраниме дамките кои се појавиле. Сепак, постојат одредени начини и состојки кои можат да помогнат за брзо и ефикасно отстранување на дамките од кафе, а при тоа да не се оштети ткаенината или површината која се третира.

Состојките кои можат да ви помогнат за отстранување на дамки од кафе се следните:

Пиво

Понекогаш ви се чини дека е невозможно да ги исчистите дамките направени од кафе на тепихот. Но, во таков случај пивото може да ви помогне. Едноставно посипете малку пиво врз дамката и истријте, за кратко време таа ќе исчезне. Ако дамките се тврдокорни, процесот ќе треба да го повторите неколку пати.

Оцет

Како со помош на алкохолен оцет да ги отстраните дамките? Она што треба да го направите е да потопете крпа во неразреден оцет со која потоа ќе ја „тапкате“ дамката, а веднаш потоа исперете ја ткаенината. Ако станува збор за поголеми дамки, тогаш оставете ја облеката да стои за време на ноќта во раствор од оцет и ладна вода, а наутро исперете ја како и обично.

Влажни марамчиња

Тие ја апсорбираат течноста и дамките од тепихот или подот. Исто така, се многу ефикасни во отстранување на други видови на дамки, како од облеката, така и од тапацираниот мебел.

Како најбрзо да отстраните дамки од кафе

Сода бикарбона

Отстранете ги дамките од кафе од порцеланот така што на влажна крпа ќе ставите сода бикарбона, па нежно тријте ја површината каде што е дамката. Откако сте го направиле тоа, исплакнете го порцеланот со ладна вода и избришете го со сува и чиста крпа.

Жолчки

Ова „средство“ за отстранување дамки може да ве изненади со својата ефикасност. Одвојте ги жолчките од јајцето и во тенок слој нанесете дел од нив на крпа, па со неа тријте ја критичната површина околу една минута. Исплакнете со вода и дамките ќе ги нема.

Сол

Со солта многу лесно може да се исчистат засушените кругови од претечено кафе на тацната. На сунѓерот ставете малку сол и со кружни движења исчистете ја дамката. Доколку се случи да не исчезнува така брзо, тогаш измешајте малку сол и малку алкохолен оцет и повторете ја постапката со сунѓерот.

Сподели: