6 начини како да рециклирате вода во домашни услови 1

6 начини како да рециклирате вода во домашни услови

Дали знаевте дека може да ја рециклирате дури и водата и на тој начин да ги намалите сметките и да придонесете за зачувување на резервите на вода на светско ниво? Ви претставуваме неколку начини на кои може да рециклирате вода во вашиот дом.

Покрај тоа што ќе ја изгасните чешмата додека се миете заби и некои останати ситни навики со кои може да заштедите на вода, има многу начини на кои може да ја намалите употребата на оваа скапоцена течност и тоа без некои особени техники и комплицирани стратегии. Во продолжение дознајте како.

6 начини како да рециклирате вода во домашни услови 2

Заштедете за време на туширањето

Сите ние пред да влеземе во када најпрво пуштаме вода за истата да ја достигне потребната температура. Наредниот пат, само едноставно ставете канта под чешмата и соберете ја оваа вода и искористете ја за нешто друго. Ќе се изненадите колку вода може да соберете на овој начин.

Собирајте ја дождовницата

Заборавете на системите за наводнување на вашите градина и цвеќиња, наместо тоа во дворот поставете буре и собирајте ја дождовницата. На интернет има многу идеи за тоа на кој начин може наједноставно и најефтино да собирате дождовница и истата подоцна да ја искористите за наводнување.

Чувајте ја водата во која сте вареле тестенини

Следниот пат кога ќе готвите тестенини за чија подготовка ви е потребна поголема количина на вода, не ја истурајте. Едноставно зачувајте ја и искористете ја за полевање на  домашните растенија. Секако истата претходно треба да е добро изладена.

Чувајте ја водата во која сте го миеле зеленчукот

Исто како и водата во која сте вареле тестенини, така и водата во која сте го миеле зеленчукот може да ја искористите за полевање на домашните растенија или да ја искористите за тоалетната школката и на тој начин да заштедите.

Повторно искористете ја водата за полевање на домашните растенија

Кога ги наводнувате домашните растенија сигурно сте забележале дека вишокот на вода се собира во чинијата на саксијата. Наместо оваа вода да ја истурите, зачувајте ја во посебен сад и искористете ја повторно за истата намена.

Не ја истурајте водата која не сте ја испиле

Колку пати ви се случило да наполните чаша вода, да ја испиете до половина, а остатокот да го истурите во мијалникот? Наместо недопиената вода да ја истурате, собирајте ја во посебен сад за таа намена. Подоцна оваа вода може да ја искористите за наводнување на растенијата или за нешто да исчистите. Нив може да ги залевате и со чај, но само ако истиот е незасладен.

Ви препорачуваме да прочитате:  3 кујнски совети кои ќе ви заштедат време и пари.

Сподели: