6 причини кои предизвикуваат зголемена телесната тежина 1

6 причини кои предизвикуваат зголемена телесната тежина

Иако многу често, кај голем број од лицата кои имаат зголемена телесна тежина големо влијание имаат гените, општеството, свесноста за себе и за своето здравје, можностите на животниот стандард и животниот стил, во голема мера и покрај сите мерки кои ги преземаат се соочуваат со дебелината. Навистина, колку и што ќе јадеме е личен избор, дали ќе вежбаме или не, исто така, но има фактори на кои и тоа како може да се влијае за значително подобрување на состојбата, па прочитајте повеќе за тоа.

Во продолжение ви претставуваме листа за најчестите причини кои предизвикуваат дебелеење, како и совети кои ќе ви помогнат во намалувањето на непосакуваната телесна тежина.

6 причини кои предизвикуваат зголемена телесната тежина 2

Прескокнување на оброци

Спротивно на популарното мислење дека доколку се редуцира бројот на оброци, ќе се забрза процесот на губење на тежина, прескокнувањето на оброците е многу штетна навика која може дури и да ја влоши состојбата со дебелеењето. Во една студија од 2015 година објавена во The Journal of Nutritional Biochemistry, истражувачите дошле до заклучок дека прескокнувањето на оброците го поттикнува растот на масните наслаги. Па така, наместо да гладувате, јадете пет здрави, не многу обилни оброци во текот на денот и пијте многу вода.

Не внесувате доволно нутриенти преку појадокот

Појадокот е најважниот оброк во денот. Колку пати досега сте го слушнале тоа во текот на вашиот живот? Па, има причина зошто оваа аксиома се повторува толку многу. Јадењето на здрав појадок, богат со многу нутриенти може да го забрза вашиот метаболизам. Оттука, идеалниот појадок треба да вклучува целозрнести житарки, сок од портокали и свежо овошје.

Спиете премногу или премалку

Да, дури и ако спиете премалку или премногу може да предизвика зголемување на телесната тежина. Причината за тоа е што и во двата случаеви метаболните функции драматично се забавуваат. Идеално времетраење на сонот според националната фондација за спиење во САД, за деца во училишна возраст (6-13 години) изнесува од 9 до 11 часа на вечер, за тинејџери (14-17 години) е 8 до 10 часа, за млади возрасни лица (18-25 години) од 7 до 9 часа, додека за возрасните лица изнесува 7 до 9 часа во текот на ноќта.

Важни животни промени

Секојдневно во животот се соочуваме со најразлични промени, било да е тоа промена на кариера, нов член во семејството, финансиски предизвици и слично. Според нутриционистите секоја голема промена во животот, па дури и позитивната, предизвикува стрес и анксиозност. Сето ова може да доведе до зголемување на телесната тежина. Па, секогаш кога се соочуваме со нов предизвик, треба да се обидеме да се соочиме со стресот и да го елиминираме. За таа цел помагаат медитацијата, вежбањето, јогата и слични физички и умствени активности.

Староста

Со стареењето, метаболитичката активност на организмот се забавува. Затоа, со текот на времето потешко е да се одржува здравата телесна тежина. Тоа значи дека ќе мора да се внесат одредени промени во начинот на исхрана, режимот на вежбање и воопшто во животниот стил, со цел да се остане во добра форма и во зрелата старосна доба.

Загуба на мускулната маса

Постои корелација помеѓу губењето на мускулната маса и зголемената телесна тежина. После 30 -тите години, секоја година се намалува мускулната маса, но овој процес е многу бавен, па затоа често тешко се препознава. Затоа, физичката активност и избалансираната исхрана се клучни во борбата и превенцијата од дебелеењето, особено кај повозрасната популација.

Ви препорачуваме да прочитате: Постигнете витка линија со 7 здрави намирници.

Сподели: