6 факти за здрав дигестивен систем 2

6 факти кои е добро да ги знаете за здрав дигестивен систем

Сите знаеме дека дигестивниот систем служи за варење на храната. А бидејќи храната ни е потребна за живот, треба да обрнеме внимание на неговата состојба и знаците кои тој ги дава кога има одредени промени.  За да го зачувате, добро е да ги знаете овие 6 факти кои помагаат секој од нас да има здрав дигестивен систем.

Нашиот дигестивен систем е многу „попаметен“ од што мислиме. На многу начини функционира како мал компјутерски процесор, при што храната која ја внесуваме ја претвора во потребни нутриенти. Неискористениот дел од неа поминува низ цревата и на крај се исфрла од организмот. Како голем и сложен систем, истиот е подложен на пореметувања и заболувања. Па, имајќи го предвид тоа, истражувавме што може да помогне и наидовме на корисни факти кои е добро да ги знаете и да имате непречено здрав дигестивен систем кој одлично функционира.

Дигестивниот систем го сочинуваат следните органи: усна празнина, голтник, хранопровод, желудник, тенко и дебело црево, анален отвор и помошните органи заби, јазик, жолчка и панкреас. И, пред самиот внес на храна, системот за варење започнува да произведува плунка во усната празнина. Плунката е богата со ензими потребни за варење на храната.

9 факти за здрав дигестивен систем

Дигестивниот систем има сопствен нервен систем

Системот за варење е контролиран од локален (ентерички) нервен систем кој функционира независно од мозокот. Често се нарекува и „втор мозок“. Неговата улога е да чувствува дека внесуваме храна, да произведува хормони и да ја контролира подвижноста на цревата.

Дигестивниот систем „знае“ кога сме нервозни или под стрес

„Вториот мозок“ е причина за појава на „пеперутки“ – извесни чувства во стомакот кои се последица на пријатни или непријатни ситуации. Во зависност од сензибилитетот на лицето, во цревниот тракт може да се јават и други различни реакции.

Ако имате некој од овие симптоми можно е да сте интолерантни на глутен

Дигестивни нарушувања како што се гасови, надуеност, дијареа, па дури и запек, се можни знаци за интолеранција на глутен. Истите посебно се манифестираат и се изразени кај лицата кои се интолерантни на глутен, а сепак го јадат. Чувство на замор, неможност за јасно размислување или замор после оброк кој содржи глутен се исто така можни сигнали дека имате проблем.

Совет плус: Голем број луѓе присвојуваат навики на самодијагноза и без да се сигурни во однесувањето на својот организам се одрекуваат од одредена храна, навики и слично. Доколку забележите дека хронично се појавуваат некои од наведените показатели, најдобро посетете лекар. Консултирајте се за дијагнозата, лекувањето и исхраната, а по потреба земете и соодветен суплемент. Како таков, можеме да ви го препорачаме Gluten Digest, со BioCore® DPP IV на Тримекс. Овој суплемент е сеопфатна ензимска мешавина формулирана за поддршка на комплетната дигестија на житните зрна. DPP IV (Dipeptidyl peptidase IV) е уникатен ензим со специфична активност против карактеристичните пролин врски присутни во протеините на житните зрна. Gluten Digest  вклучува протеази и амилази кои делуваат на други протеини и јагленохидратни компоненти кои обично се присутни заедно во овие намирници.

Додатоците за исхрана на Тримекс може да се најдат низ аптеките и да се набават преку нивната онлајн продавница.  Или, може да се јавите на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk. За подетални информации кликнете на следниов линк. А ако имате прашања пишете ни на sezahrana.mk и ние ќе ја консултираме Д-р Нела Деспотовска, па одговорот ќе го проследиме до вас.

6 факти кои е добро да ги знаете за здрав дигестивен систем 3

Балансот на микрофлората е важен за правилната дигестија

Сложените јаглехидрати кои се во состав на гравот не можат да се апсорбираат во цревата без помош на добрите бактерии. Пробиотските бактерии помагаат во разложувањето на сложените шеќери, но така пак, создаваат гасови. Во некои случаи, појавата на гасови е знак за здрав дигестивниот систем.

Не се знае точно што го предизвикува синдромот на иритабилни црева

Подвижноста на цревата, како и минувањето на храната низ нив, зависи од мускулната контракција. Подолги и посилни контракции можат да доведат до појава на дијареа, надуеност и гасови.

Зошто некои лица после пиење кафе имаат итна потреба за во тоалет?

Кафето делува лаксативно кај една третина од популацијата, но за тоа не е виновен кофеинот. Иако научниците не се во целост сигурни зошто, кај некои лица кафето го стимулира дебелото црево по 4 минути од консумацијата. Се претпоставува дека во кафето има состојка која доведува до зголемена продукција на желудочна киселина, што резултира со брзо варење на храната.

Ви препорачуваме да прочитате: 5 природни начини против констипација.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: