6 корисни совети за кујната и домот 1

6 корисни совети за кујната и домот

Кујната е една од најважните простории во домот, токму затоа треба да знаеме добро да се грижиме за неа! Еве неколку корисни совети за кујната и домот да ви бидат беспрекорно чисти, а на лесен начин.

Ви се скршило нешто стаклено? Еве како да постапите!

Скршивте стаклена чаша? Лесно соберете ги остатоците од стакло со помош на леб. Дури и најмалите остатоци од стакленца се собираат со помош на неколку парчиња леб, а без да се исечете.

6 корисни совети за кујната и домот 2

Неутрализирајте ја миризбата од фрижидерот

Доколку кога ќе го отворите вашиот фрижидер чувствувате непријатен мирис, за да ја неутралилизирате миризбата,  ставете шолја која сте ја наполниле со прашок за печиво. Овој трик со оваа количина на печиво ќе ви користи 2 месеци. Потоа ако е потребно заменете го со нов.

Прашокот за печиво е ефикасна одбрана од мравки

На местото каде што имате проблем со мравки, посипете прашок за печиво и тие брзо ќе се повлечат.

Ефективно решение за отпадоците

Совет кој доколку го применувате ќе ви заштеди многу време, а кујната ќе биде чиста. Сите отпадоци (лушпи од јајце, кора од зеленчук и слично), при готвењето ставајте ги во еден поголем сад или ќеса кој ќе ви биде наменет за нив. Откако ќе завршите, на овај начин полесно ќе се справите со отстранувањето на отпадоците фрлајќи ги во соодветната корпа, а тоа ќе ви заштеди многу време.

Како да го вратите сјајот на стаклените садови?

На кристалните и стаклените садови ќе им го вратите сјајот, така што, ако пред миење ги истриете добро со мешавина од еднакви количина на киселина и рендан компир. Потоа, садовите измијте ги со млака вода и избришете ги со памучна крпа.

Алуминиумските садови може да светнат со помош на кора од јаболко

Во алуминиумските садови чија боја се изменила, ставете кора од јаболко и сварете ја во нив. Садовите ќе ја добијат првобитната боја.

Ви препорачуваме да прочитате: 5 совети за чиста кујна после готвењето.

Сподели: