Ви презентираме неколку трик кујнски совети кои сме ги научиле од повозрасните и искусни домаќинки, за кои веруваме дека порано или подоцна сигурно ќе ви бидат корисни за во кујна и дека ќе им најдете примена.

Со советите од нашите баби и мајки се не можете да погрешите, тие едноставно се испробани и точни. Листата на трик кујнски совети е многу интересна и полна со нови информации ки ќе ви помогнат старите состојки да ги искористите на нов начин и да си најдете решение во разни ситуации:
- Ако немате павлака за згуснување на сосот или супата која ја подготвувате, мешавина од путер и млеко е добра замена.
- Кога подготвувате десерти, путерот или маргаринот можете да ги изрендате, така нема да морате да чечате да се стопи и ќе го скратите времето на припрема на колачот.
- Свежото сирење пред употреба притиснете го низ цедилка за да добиете компактна маса.
- За готвење на било која тестенина потребно е многу вода: на секои 250 грама тестенини, за најдобро варење се околу 3 литри вода.
- Сокот од печен овошен колач можете да го соберете ако пред печење посипете со гриз или лебни трошки.
- Печивотот или лебот кој ви останал од претходниот ден, можете да го натопите со малку вода и да го оставите неколку минути во врела рерна. Така ќе стане крцкав и свеж, а со тоа и вкусен.
- За да се дигне добро кексот од колачот, пред печење во средината забодете една макарона. Чудно, но методот бил успешен и вреди да го пробаме.