Најголем дел од жените се борат со вишокот килограми и постојано се во потрага по нова диета за слабеење. Но, има и многу други жени кои се обидуваат да ја зголемат својата тежина и бараат начини за здебелување. Ако сте од втората група, сигурно ви е смачено луѓето да ве игнорираат и да ве гледаат со недоверба кога ќе кажете дека очајно сакате да се здебелите и дека не можете.
Во текстот кој следува ви предлагаме неколку совети кои ќе ви помогнат да се здебелите.

- Пијте додатни течни калории како овошни сокови, нискомаслено или млеко од соја. Ако поради течностите се чувствувате преполни, пијте ги помеѓу оброците, а не заедно со нив.
- Постепено зголемувајте ги порциите. Самите сервирајте ги оброците и додајте една до две лажици повеќе. На тој начин постепено ќе ја зголемувате порцијата во храната. Немојте одма да преминете на дупла порција.
- Додајте здрави масти. Салатите зачинете ги со маслиново масло и киселина, а додајте и јаткасти плодови, семки, авокадо или маслинки.
- Изберете житарици од цело зрно. Како ужина консумирајте житарици со соино млеко кои ќе ве заситат. Најкалоричните житарици се густи и тешки. Штом купувате нивното пакување би требало да биде тешко штом го земете во рака. Дополнително во житарките ставете суво овошје, семки и јаткасти плодови, а не шеќер и масти. Направете си топла каша од житарици во кои ќе додадете топло млеко, путер од кикири и/или изгмечена банана. Консумирајте леб од цело зрно и зголемете го внесот на интегралните тестенини и ориз.
- Изберете квалитетни протеини. Почесто консумирајте риба, морски плодови, пилешко, мисиркино, нискомаслено црвено месо и вегетаријански протеини како тофу сирење и грав. Калорискиот внес зголемете го со зголемување на порцијата, а не со консумирање на мрсно месо.
- Порција суво овошје има повеќе калории него свежо. Сувото овошје може да го додадете во ладни или топли житарки, шејкови, салати или да го јадете како грицки.
- Здравите ужини може да ви помогнат за зголемување на телесната тежина. Консумирањето на дополнителни 500 калории на ден, ќе ви биде полесно со редовна ужина. Пожелно е да имате 3 оброци и 3 ужини, кои треба да бидат подеднакво распоредени. Протеински шејк, порција житарици со млеко и суво овошје, сендвич од интегрален леб или чорба од грашок се само некој од примерите за здрава и богата ужина.
Ви предлагаме да прочитате: 5 симптоми кои укажуваат на недостаток на протеини.