7 одлични трик кујнски совети од искусни домаќинки 1

7 одлични трик кујнски совети од искусни домаќинки

Ви презентираме неколку трик кујнски совети кои сме ги научиле од повозрасните и искусни домаќинки, за кои веруваме дека порано или подоцна сигурно ќе ви бидат корисни за во кујна и дека ќе им најдете примена.

7 одлични трик кујнски совети од искусни домаќинки 2

Со советите од нашите баби и мајки се не можете да погрешите, тие едноставно се испробани и точни. Листата на трик кујнски совети е многу интересна и полна со нови информации ки ќе ви помогнат старите состојки да ги искористите на нов начин и да си најдете решение во разни ситуации:

  1. Ако немате павлака за згуснување на сосот или супата која ја подготвувате, мешавина од путер и млеко е добра замена.
  2. Кога подготвувате десерти, путерот или маргаринот можете да ги изрендате, така нема да морате да чечате да се стопи и ќе го скратите времето на припрема на колачот.
  3. Свежото сирење пред употреба притиснете го низ цедилка за да добиете компактна маса.
  4. За готвење на било која тестенина потребно е многу вода: на секои 250 грама тестенини, за најдобро варење се околу 3 литри вода.
  5. Сокот од печен овошен колач можете да го соберете ако пред печење посипете со гриз или лебни трошки.
  6. Печивотот или лебот кој ви останал од претходниот ден, можете да го натопите со малку вода и да го оставите неколку минути во врела рерна. Така ќе стане крцкав и свеж, а со тоа и вкусен.
  7. За да се дигне добро кексот од колачот, пред печење во средината забодете една макарона. Чудно, но методот бил успешен и вреди да го пробаме.

Сподели: