7 природни масла кои го намалуваат стареењето на кожата 1

7 природни масла кои го намалуваат стареењето на кожата

Во денешно време жените се почесто се борат со брчките со помош на козметички процедури. Иако на почетокот даваат одлични резултати, тие се краткорочни. Освен тоа, најчесто тие процедури се болни, скапи и имаат низа несакани ефекти. A, кога станува збор за природно намалување на брчките, несомнено најдобри ефекти ќе постигнете со користење на природни масла кои го намалуваат стареењето.

Ви подготвивме список од неколку одлични масла против брчки кои ќе ви помогнат уште долго време да ја зачувате вашата младост и убавина.

7 природни масла кои го намалуваат стареењето на кожата 2

Масло од семки од грозје

Доколку сакате масло кое лесно се впива и не ја прави кожата сјајна и леплива, тогаш маслото од семки од грозје е вистинскиот избор за вас. Совршено е за нормална или комбинирана кожа. Доколку имате премногу сува кожа, тогаш треба да го промешате со некои помасни масла како кокосовото, масло од јојоба или шеа путер.

Какао путер

Какаото потекнува од Еквадор. Жените од оваа земја го користат какао путерот за хидрирање на кожата пред изложување на сонце. Тоа им помага да ја зачуваат својата кожа млада низ годините. Овој путер содржи масни киселини, танини и витамини што го прават исклучително хранлив за кожата. Се нанесува лесно и брзо се впива во кожата, па затоа е мошне погоден за секојдневна употреба.

Кокосово масло

Тајната на убавината на жените од Индија е токму кокосовото масло. Тоа помага во измазнувањето на брчките, при што ја прави кожата мазна и сјајна. Најновите истражувања потврдија дека ова масло благотворно влијае на изгледот на кожата. Во него може да додадете и неколку капки етерично масло од сандалово дрво и да добиете лековито масло кое ќе ви помогне во негата на проблематичната кожа. Исто така, вака подготвеното масло ја подобрува и еластичноста на кожата.

Бадемово масло

Ова магично масло поседува лифтинг ефект.  Го регулира балансот на вода во кожата, го успорува процесот на стареење на клетките и ја поттикнува нивната регенерација. Помага при лечење на перутава и иритирана кожа, а може да се користи и како крем за сончање. Ја штити кожата од штетните УВ зраци. Доколку не сакате јаки мириси, бадемовото масло е идеален избор за вас, бидејќи има неутрална арома.

Сусамово масло

Ова масло длабоко продира во кожата при што длабински ја нахранува и хидрира. Со самото тоа, го запира процесот на предвремено стареење на кожата. Тоа се должи на големата количина на масни киселини кои ги поседува.

Малсо од семки од кајсија

Маслото од семки од кајсија е идеално за природна нега на кожата. Богато е со гама – линолеинска киселина, која ја прави кожата мазна и затегната. Витамините А и Е го помагаат процесот на регенерација на кожата и учествуваат во формирањето на колаген кој се бори со брчките. Ова масло може да се користи за било кој тип на кожа, но особено е корисно за хидрирање на сува кожа.

Масло од јојоба

Маслото од  јојоба содржи витамин Е, витамини од групата Б, бакар и цинк. Благодарение на масните киселини кои ги поседува ова масло, тое е особено благотворно за нежната кожа околу очите. По желба може да додадете неколку капки во вашиот дневен крем.

Ви препорачуваме да прочитате:  4 природни масла за нега на различни типови на лице.

Сподели: