мамурлак

7 совети кои ќе ви помогнат при мамурлак

Ако сте љубител на забави и прослави, а ви се случува да претерате со алкохолот, сигурно наредниот ден страдате од мамурлак. А главоболката и вртоглавицата, ве тераат да жалите што не сте прекинале со пиење пред да биде предоцна. Така поминатата прослава ви се претвора во утринско мачење.

Алкохолот кога се консумира во поголеми количини делува токсично на организмот. Затоа, телото реагира така како што би реагирало и при предозирање со дрога – сака да се ослободи од штетните супстанции.

Најдобар совет да ги избегнете непријатностите на мамурлакот е да не пиете алкохол или штом сте полнолетни да пиете во умерени количини. Но, на секого му се случуваат грешки, па затоа ви предлагаме неколку совети кои можат да ви бидат од голема корист овие празнични денови:

мамурлак

Пијте вода. Алкохолот го дехидрира телото, па затоа се препорачува да пиете вода во поголеми количини. Потрудете се да се напиете најмалку 8 чаши вода.

Освежете се со природни овошни сокови. По пијанството, шеќерот во крвта може значително да ви биде намален. Пијте овошни сокови кои ќе го снабдат вашиот огранизам со природни шеќери и витамини. Сокот од јаболко и брусница, особено се препорачуваат после пијанство.

Грицкајте кисели краставички. Испиените големи колични на алкохол ги намалуваат витамините и минералите во телото. Киселите краставички се богати со хранливи материи, особено со витамин А, железо, калиум, витамин К, калциум и манган. Можеби ви звучи чудно, но сепак изедете неколку корнишони, доколку сте претерале со алкохолот.

Секогаш имајте банани при рака. Колку што повеќе пиете алкохол, толку повеќе ќе бидете дехидрирани, а со тоа значително ќе се намали количината на калиум. Недостатокот од калиум, може да направи да се чувстувате уморини, да предизвика грчеви, гадење и повраќање. Конусмирањето на банани кои се богати со калиум, може да ги намалат овие симптоми.

Јадете интерален леб и интегрален ориз. Интегралниот леб и ориз се богати со Б витамини, протеини и есенцијални масни киселини кои го помагаат излачувањето на токсините од организмот.

Направете си појадок со јајца. Дали знаете дека кога пиете премногу алкохол во организмот се создава отровна супстанца наречена ацеталдехид? За да може да се заштити телото од оваа штетна супстанца, произведува глутатион. Јајцата се богати со цистеин (кој е дел од глутатионот), па така помагаат за да се отстанат токсините од телото.

Покрај тоа во исхраната вклучете: млеко, лук, маслиново масло, јаткасто овошје, чај од нане и камилица, ѓумбир, печурки, спанаќ, домати, зелка, моркови, јаболко и мед.

Сподели: