имунитет кај децата 1

8 намирници за силен имунитет кај децата

На секој родител му е важно здравјето на неговото дете. А бидејќи, за постигнување и одржување на силен имунитет кај децата, важна улога игра исхраната, односно изборот на храна која го подобрува нивното здравје, направивме истражување поврзано токму со тоа. Ако не знаете што да им дадете за појадок или вечера, а тоа да биде нешто здраво и вкусно, еве кои 8 намирници може да бидат од корист.

Силниот имунитет кај децата, особено при настинки и грип, може да го заштити детето од непријатности и дополнителните ризици кои ги носат овие состојби. Постојат многу начини како да го зајакнете детскиот имунитет, еден од нив е здрава и правилна исхрана. Еве кои намирници се од особена важност и може да помогнат во заштита на нивното здравје.

имунитет кај децата 2

Бадеми

Не само што се преполни со многу хранливи материи, протеини, растителни влакна, калиум и здрави масти, бадемите исто така, содржат ниацин и рибофлавин, кои се витамини од Б групата. Тие го неутрализираат негативното дејство на стресот и на тој начин го креваат имунитетот. Оваа намирница содржи доволна количина на витамин Е за детето. Ако детето е доволно големо и може самото да јаде (задолжително треба да е постаро од 1 година и да е проверено дека нема алергиска реакција на јатки) можете да дадете бадем, исечкан на парчиња, сомелен или како путер.

Пилешка супа

Пилешката супа навистина помага при ублажување на симптомите на настинка и грип и тоа на два начини. Најпрво, со своето антивоспалително дејство, а потоа како помагач во исфрлање на насобраниот шлајм. Пилешката супа може да ја надополните со зеленчук, затоа што така е богатство од електролити и одлична за хидрирање на телото.

Сладок компир

Слаткиот компир содржи голема количина на бета каротен кој во организмот се претвора во витамин А. Витаминот А игра важна улога во заштитата и здравјето на кожата. Преку кожата во телото може да влезат разни бактерии и вируси, па затоа неговата присутност е во корист во секој поглед.

Јогурт и други производи кои содржат пробиотици

Веројатно сте слушнале за пробиотиците – добрите бактерии кои го одржуваат здравјето на дигестивниот тракт. Пробиотиците, не само што поволно влијаат на работата на органите за варење, туку може и да спречат разболување на децата. Од сите намирници, јогуртот е најбогат со пробиотици. А бидејќи многу деца го обожаваат, ова е супер вест за родителите. Со редовна консумација, децата ќе внесуваат доволно пробиотици. Покрај јогурт, пробиотици содржат и киселата зелка, киселите краставички, кефирот и слично.

И покрај редовната консумација на овие намирници, сепак кај детето има потреба од зголемен внес на пробиотици?

Ви го препорачуваме BerryDophilus Kids. NOW® BerryDophilus ™ обезбедува 2 милијарди од комбинација на 10 пробиотски бактериски видови создадени за поддршка на гастроинтестиналното здравје и функцијата на здрав имунолошки систем. Здравата цревна флора исто така помага да се создаде поволна околина за апсорпција на хранливите материи. BerryDophilus ™ може да ги користат и возрасни и деца. Меките капсули се ѕвакаат и се наменети за деца над 2 години. Се препорачува 1 таблета 1 до 3 пати на ден помеѓу оброци или на празен стомак. BerryDophilus Kids:

  • го поддржува гастроинтестиналното здравје на децата
  • го подобрува имунитетот
  • ги намалува атописките кожни реакции и алергиските манифестации

Лук

Редовно додавајте го во што е можно повеќе јадења, особено кога настинките и грипот се најактивни. Кога станува збор за јакнење на имунитетот, лукот е вистинска суперѕвезда меѓу намирниците. Содржи компонента наречена алицин која на децата им помага полесно да се изборат со инфекциите и вирусите.

Печурки

Иако не се спомнуваат често кога е во прашање здравјето на децата, сепак се важен дел од нивната исхрана. Печурките содржат хранливи материи кои го зајакнуваат имунитетот, а имаат и антивирусни и антибактериски својства. Богати се со селен и цинк. Печурки давајте само на деца постари од една година и секогаш прво во мала количина, а потоа зголемувајте по полека.

Овес и јачмен

Овесот и јачменот содржат високо растворливи растителни влакна, особено бета глукани. Тие имаат антимикробни и антиоксидативни својства, кои може да бидат од помош кога организмот на детето се бори против грип или други болести. Растворливите влакна уште и ги ублажуваат воспаленијата. Од овесот и јачменот може да направите вкусни каши за појадок.

Масна риба

Се препорачува да биде дел од исхраната на децата барем еднаш неделно затоа што е богата со омега-3 масни киселини. Омега-3 масните киселини го поттикнуваат имуниот систем на детето, на тој начин што ја подобруваат одбранбената способност на белите крвни зрнца, кога ќе се најдат во контакт со бактерии и вируси. Се наоѓаат во масни риби како лосос, пастрмка, туна. Омега-3 уште и ги ублажуваат воспалителните процеси во организмот, што ја намалува можноста за развој на воспаленија на ушите или белите дробови кои се честа последица и компликација од грипот. Покрај влијанието на имунитетот, омега-3 масните киселини директно влијаат и на менталниот развој на децата.

Ако вашето дете не е љубител на масна риба, не грижете се! Има начин како да ги внесува потребните омега-3 масни киселини. Едноставно, дајте им 2 капсули DHA Kids Chewable, 1 до 2 пати дневно. DHA Kids се меки капсули наменети за џвакање, па децата нема потреба да ги голтаат, а џвакањето ќе им биде забавно. Плус, имаат вкус на овошје. Природниот концентрат на рибино масло кое се користи во оваа капсула е произведен под строги стандарди за контрола на квалитетот. DHA Kids:

  • го поддржува здравјето на мозокот
  • поддржува когнитивен развој на детето
  • овозможува подобра координација на рацете
  • ја зголемува концентрацијата
  • ја подобрува меморијата
  • го подобрува видот и ја штити функцијата на очите.
имунитет кај децата 3

DHA Kids Chewable и BerryDophilus Kids може да ги нарачате со попуст и бесплатна достава преку онлајн продавницата на Тримекс. Производите се достапни и во повеќето аптеки низ земјава, а попустот важи само за онлајн нарачки.

За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Ви препорачуваме да прочитате: Исхрана на децата: 5 практични совети за употреба на спирулина во прав.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: