8 најчести причини за метален вкус во устата 1

8 најчести причини за метален вкус во устата

Дали често имате метален вкус во  устата? Оваа состојба е многу почеста отколку што мислевте и не сте сами. Металниот вкус во устата може да укажува на некои сериозни заболувања како што се проблеми со бубрезите или црниот дроб, не дијагностициран дијабет или одредени видови на канцер. Но, најчесто овие заболувања се придружени и со некои други симптоми.

Доколку инаку сте здрави, причините за тој метален вкус најчесто се бенигни како што истакнува Д-р Мајкл Рабовски, претседател на Одделот за семејна медицина и потпретседател на Институтот за медицина на клиниката во Кливленд. Во продолжение дознајте кои се најчестите причинители на метален вкус во устата.

8 најчести причини за метален вкус во устата 2

Недоволна орална хигиена

Доколку редовно не ги миете вашите заби и јазик, може да дојде до проблеми со забите и непцата како што се гингвитис, парадентоза и кариес. Откако ќе се ослободите од овие орални проблеми, најчесто ќе исчезне и металниот вкус во вашата уста.

Некои групи на лекови

Одредени  антибиотици, лекови за гихт, некои медикаменти против психијатриски состојби, како и одредени лекови за срце често се виновници за оваа непријатна состојба. Телото ги апсорбира овие лекови, кои потоа се излачуваат преку плунката. Исто така и некои антидепресиви кои предизвикаат сувост во устата може да имаат влијание и на вкусот, бидејќи ги блокираат рецепторите за вкус.

Некои витамини

Одредени мултивитамини кои содржат метали како бакар, цинк или хром или некои лекови како цинкови пастили, може да предизвикаат метален вкус. Па така, пренаталните витамини или оние кои содржат додаток на железо и цинк често се виновни за оваа состојба. Обично непријатниот вкус во вашата усна празнина исчезнува откако телото ќе ги обработи овие витамини и лекови. Во спротивно, проверете ја дозата и консултирајте се со вашиот лекар.

Одредени инфекции

Инфекции на горните респираторни патишта, настинки и синузити го менуваат чувството за вкус. Ова е привремена состојба и најчесто завршува откако ќе се излекува инфекцијата која го предизвикала тоа непријатно чувство.

Терапии против канцер

Пациентите кои се лекуваат против канцер со хемотерапија или зрачење, често доживуваат метален вкус во устата.

Бременост

Во раните фази на бременоста, некои жени сметаат дека се менува нивното чувство за вкус. Една од овие промени може да биде и металниот вкус во усната празнина.

Деменција

Луѓето кои патат од деменција често доживуваат одредени неправилности во вкусот. Центрите за вкус се поврзани со нервите во мозокот. Па така, овие промени во вкусот најчесто се појавуваат кога дел од мозокот кој е поврзан со нив не работи правилно.

Изложеност со хемиски материи

Доколку сте изложени на жива или олово, вдишувањето на високо ниво од овие супстанции често може да предизвика метален вкус.

Напомена: Д-р Рабовски напоменува дека доколку се соочувате со метален вкус во вашата усна празнина, најдобро е да се посоветувате со вашиот доктор, кој потоа ќе утврди дали се работи за некое сериозно заболување или некоја безопасна причина.

Ви препорачуваме да прочитате: 5 групи на намирници кои се храна за добро дентално здравје.

Сподели: