8 сигнали кои укажуваат дека сте под стрес

Долгорочниот хроничен стрес може да предизвика многу сериозни здравствени проблеми. Затоа, од клучна важност е да ги препознаете неколкуте изразени сигнали кои укажуваат дека сте под стрес и да преземете нешто во врска со тоа.

Стресот влијае на сите аспекти од животот, вклучувајќи ги емоциите, однесувањето, способноста за размислување, па дури и на целокупното физичко здравје. Ниту еден дел на телото не е имун на него. Многумина се помируваат со фактот дека стресот е нормална појава во современото општество. Иако, малку стрес може да има позитивно влијание, бидејќи нè мотивира да ги завршиме работите на време, континуираното и прекумерно ниво на стрес претставува сериозна закана за менталното и физичко здравје.

Во состојба на неволја, мозокот испушта адреналин и кортизол (хормони за стрес) во крвотокот. Преголемата изложеност на овие два хормони може негативно да влијае на скоро секој систем во организмот. Според Mayo Clinic, кортизолот предизвикан од преголемо ниво на стрес го зголемува ризикот од бројни здравствени проблеми како вознемиреност, депресија, проблеми со дигестивниот систем, главоболки, срцеви заболувања, несоница, зголемена телесна тежина и нарушување на меморијата и концентрацијата. А, во продолжение може да прочитате неколку сигнали кои ви укажуваат дека сте под стрес.

сигнали кои ви укажуваат дека сте под стрес

Главоболка

Според Mayo Clinic главоболките се едни од првите сигнали со кои телото ни сигнализира дека сме под стрес. Стресот, всушност е причина број еден за појава на тензиони главоболки. Може да се појави во вид на напнатост и да предизвикува блага, умерена или силна болка во главата, вратот и зад очите. Покрај тоа, може да ги влоши останатите типови на главоболки, вклучувајќи ја и мигрената.

Проблеми со дигестијата на храната

Под дејство на хормоните предизвикани од стрес, дигестивниот систем претрпува еден вид на почетен „шок“. Медицинските експерти откриле сложена врска помеѓу мозокот и дигестивниот систем, со што се објаснува зошто стресот може да предизвика бројни дигестивни проблеми. Хроничниот стрес, исто така може да влоши одредени хронични состојби како синдром на нервозни црева (IBS).

Чести настинки и инфекции

Поради забрзана работа на срцето, стресот ја забрзува циркулацијата на крвта. Како резултат на тоа се покачува крвниот притисок, кој пак може да го потисне имунолошкиот систем. Тоа ја намалува способноста на имунитетот да се бори со бактериите и другите агенси кои предизвикуваат болести.

Зголемена телесна тежина

Иако стресните моменти најчесто се поврзуваат со покачена телесна тежина, кај некои лица предизвикува варирање на тежината, а кај некои дури и губење на телесна маса. Покаченото ниво на кортизол најчесто го зголемува апетитот и желбата за нездрава храна со што се олеснува акумулирањето на маснотии во стомакот.

Проблеми со стомакот

Проблемите со стомакот се едни од најчестите нарушувања предизвикани поради стрес. Па така, стресот може да предизвика гадење, проблеми со варењето на храната, грчеви и болка во стомакот.

Чувство на замор

Присуството на стрес може да го зголеми нивото на притисок и напнатоста во телото и да предизвика чувство на замор. Стресот може да се манифестира како ментална и физичка исцрпеност.

Болка и затегање во градите

Стресот создава вознемиреност, а пак вознемиреноста создава стрес. Овој вознемирувачки ментален циклус може да предизвика затегнатост во градите, а понекогаш и остра болка. Покрај тоа, болката во градите е мошне вознемирувачко и застрашувачко искуство, па дополнително го влошува стресот. Хроничниот стрес е ризик фактор за кардиоваскуларни заболувања и може да предизвика срцев удар. Некои неодамнешни истражувања го поврзале стресот со згрутчувањето на крвта, што пак може да предизвика проблеми со срцето.

Намалена желба за сексуални односи

И кај двата пола желбата за интимни односи може да се намали како резултат на стрес. Хроничниот стрес може да доведе до проблеми со овулацијата кај жените и да го намали бројот на сперматозоидите и плодноста кај мажите.

Како може да си помогнете при стрес и анксиозност?

Во случај да ги имате овие симптоми, забележите дека поминувате низ голем стрес и постојано сте анксиозни, можеби треба да побарате стручна помош. Но, доколку стресот не е изразен во голема мера и сакате сами да пробате да го решите проблемот, еве кои се советите од експертите:

  • обрнете внимание на дишењето
  • пијте вода
  • прошетајте
  • медитирајте
  • вежбајте
  • издвојте момент за себе
  • бидете благодарни
  • користете суплементи.

Кои суплементи ги препорачуваме?

Доколку не помага ништо од погоренаведеното ви препорачуваме да ги посетите поголемите аптеки или онлајн продавницата на Тримекс и да побарате L-Tryptophan. Таа е една од 8-те есенцијални аминокиселини која организмот не може да ја синтетизира заради што, мора да се внесува преку храната или преку суплементација. L-Tryptophan е критична за производство на хормоните на среќата – серотонин и мелатонин, кои помагаат во поддршка на позитивното расположение, здравиот сон и правилната функција на имунолошкиот систем.

Покрај L-Tryptophan, од суплементите ја препорачуваме и Rhodiola  која е позната уште и како „златен корен“. Таа е билка специфична за артичките и алпските региони која со векови се употребувала. Помага против хроничен стрес, несоница и депресија и со тоа ги намалува сите пропратни негативни ефекти на стресот. Rhodiola ги елиминира депресивните симптоми подигајќи го нивото на серотин во мозокот и ја јакне сексуалната енергија. Со консумацијата на Rhodiola се намалува стресот, а со тоа се превенираат дебелината и дијабетесот, предизвикани од него.

сигнали кои ви укажуваат дека сте под стрес

Повеќе информации за придобивките и употребата на  L-Tryptophan и Rhodiola прочитајте на онлајн продавницата на Тримекс, од каде што може и да ги набавите, а исто така може да најдете и во сите поголеми аптеките. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Ви препорачуваме да прочитате: 8 лесни совети како да се ослободите од стресот и анксиозноста.

*Спонзориран текст.

Сподели: