8 природни начини за покачување на низок крвен притисок 1

8 природни начини за покачување на низок крвен притисок

Иако нискиот крвен притисок можеби не ве загрижува и ви изгледа безопасно, сепак доколку тој е изразено низок може да предизвика одредени здравствени проблеми. За среќа, постојат многу природни начини за покачување на низок крвен притисок, вклучувајќи и некои промени во животните навики. Па, разгледајте ја нашата листа со корисни насоки!

Во некои ситуации природните решенија може да го подигнат нискиот крвен притисок и да ги ублажат симптомите кои ги предизвикува оваа состојба. Во други пак, потребни се одредени лекови и терапии, па ако често ви се случува или не знаете како ќе се чувствувате ако преземете нешто самите, задолжително консултирајте се со својот лекар.

Низок крвен притисок или хипотензија најчесто се дефинира како било кој притисок кој е понизок од 90 со 60 mm Hg. Сепак, повеќето доктори нискиот притисок ќе го прогласат за проблем само доколку истиот е проследен и со некои симптоми. Може да се каже дека се смета дека не е проблем доколку не предизвикува видливи симптоми. Aко се појави била каква нелагодност, тоа може да биде знак дека органите не се снабдуваат доволно со крв и во тие случаи треба да се реагира.

8 природни начини за покачување на низок крвен притисок 2

Консумирајте повеќе сол

Спротивно од популарните совети, нисконатриумската диета не е погодна за сите лица особено за оние со низок крвен притисок. Лицата со низок крвен притисок треба да консумираат поголема количина на натриум со цел да го подигнат нискиот притисок.

Избегнувајте алкохолни пијалоци

Алкохолот може дополнително да го намали крвниот притисок, така што лицата со низок притисок се советуваат да избегнуваат консумирање на големи количини на алкохолни пијалоци.

Прекрстете ги нозете додека седите

Се покажало дека доколку ги прекрстите нозете додека седите тоа може да влијае на покачување на крвниот притисок.

Пијте доволни количини на вода

Пиењето на поголеми количини на вода може да го зголеми волуменот на крвта, а тоа да доведе до покачување на нискиот крвен притисок.

Јадете повеќе мали оброци во текот на денот

Ако јадете помала количина на храна, но почесто, тоа може да ви помогне да се ослободите од проблемите поврзани со нискиот крвен притисок. Секој кој се прејадува има тенденција да предизвика пад на крвниот притисок.

Избегнувајте нагло станување

Наглото станување може да предизвика вртоглавица кај лицата со низок крвен притисок. Бидејќи срцето не ја испумпува крвта доволно брзо, наглите движења може да доведат до непосакувани манифестации како вртоглавица, па и главоболка.

Внимавајте на храната која ја консумирате

Одредени видови на храна може да помогнат во подигнувањето на крвниот притисок. За да се справите со овој проблем неопходно е да консумирате храна богата со витамин Б 12 како јајца, житарки и говедско месо. Храната која е богата со фолна киселина, исто така помага во покачувањето на нискиот крвен притисок.  За краткорочно, солената храна може да ви помогне да се ослободите од нискиот притисок, па не е лошо секогаш да имате при рака некои солени стапчиња, сирење или маслинки.

Консумирајте кафе и кофеински чаеви

Кафето и кофеинските чаеви може краткорочно да го зголемат нискиот притисок, но по некое време овој ефект се губи. Затоа овие пијалаци треба да се консумираат во умерени количини.

Ви препорачуваме да прочитате:  8 намирници кои помагаат за регулирање на крвниот притисок.

Сподели: