8 чекори како да засадите и одгледувате ѓумбир во саксија

8 чекори како да засадите и одгледувате ѓумбир во саксија

Процесот на садење и одгледување ѓумбир во домашни услови е лесен и едноставен. Свежиот ѓумбир е одличен додаток во исхраната, а исто така е корисен за правење на домашни лекови. Прочитајте како може да одгледувате ѓумбир во саксија.

8 чекори како да засадите и одгледувате ѓумбир во саксија

Засадување и одгледување на ѓумбир во саксија

Само треба да го следите упатството кое ви го припремивме и чекор по чекор ќе имате домашно пораснат ѓумбир. Оваа активност е многу интересна и ќе ви годи како пријатна релаксација секогаш кога ќе треба да вложите дел од своето време и енергија, а потоа ќе уживате во плодот на вашата работа. Постапката е следната:

  1. Набавете корен од свеж ѓумбир од најблискиот супер маркет или од пазар.
  2. Ставете го коренот во сад со топла вода и оставете го во текот на ноќта.
  3. Во поголема саксија ставете земја и збогатете ја со компост, со што ќе ја направите идеална средина за засадување и растење на ѓумбирот.
  4. Засадете го ѓумбирот веднаш под површината на земјата во саксијата, односно да не е на голема длабочина.
  5. Саксијата со засаден ѓумбир оставете ја на светло и топло место, температурата да биде од 24 до 29 степени, бидејќи на ова растение за да успее потребна му е потопла клима, со оглед на тоа дека потекнува од Азија.
  6. Во првиот период додека никне растението, наводнувајте со помала количина на вода, а откако ќе се појават првите листови, наводнувајте го пообилно. Во текот на зимата налевајте го со мала количина на вода, додека хибернира ѓумбирот.
  7. За 10-12 месеци растението ќе биде зрело и 70 до 120 сантиметри високо.
  8. Од пораснатото растение можете да ги пресадувате проширените главици што ги испуштило во текот на растењето, а со тоа да ја зголемите површината со ново засадени корени од ѓумбир.

Слика: John and Anni / Foter

Сподели: