9 намирници кои спречуваат болка во грлото 1

9 намирници кои спречуваат болка во грлото

Иако во ладните денови појавата на настинки и грип е најчеста, есента и зимата не се единствените годишни времиња кога царуваат вирусите. – Со цел да си ги олесниме тегобите предизвикани од нив и да ја намалиме непријатната болка во грлото, најчесто посегнуваме по топли напитоци и чаеви. Нивното дејство помага, а за ефектот да е уште подобар, за таа намена може да помогнат и некои други намирници. Во продолжение дознајте кои се тие!

Храната која изобилува со витамини, минерали, протеини и антивоспалителни материи е секогаш добродојдена при настинка и грип. А, во случаи при болка во грлото кога е отежнато голтањето на храната, истата мора да е мека за да се избегни дополнителното иритирање на крајниците и усната шуплина, па еве неколку корисни предлози од нас.

 9 намирници кои спречуваат болка во грлото 4

Банани

Бананата лесно се голта и не предизвикува болка и дразнење на веќе воспаленото и црвено грло. Покрај тоа, бананите се богати со витамините Ц и Б6 и со калиум, а имаат и низок гликемиски индекс.

Напиток од млака вода со лимон и мед

Ова е одличен лек против воспалено грло што дури може и да ги замени купечките пастили против болка. Овој напиток со мед го намалува воспалението на грлото и со тоа ја ублажува и болката.

Чај од ѓумбир со мед

Одличен начин на кој може да го намалите воспалението на грлото е да направите чај со ѓумбир и мед. Додека го пиете вака подготвениот чај инхалирајте ја пареата, тоа ќе ви го олесни дишењето.

Совет плус: Било да се одлучите за млак напиток со лимон или да си подготвите чај од ѓумбир, секогаш изберете да додадете квалитетен природен мед. За оваа намена ви го предлагаме ливадскиот мед на Рес-Ком.

9 намирници кои спречуваат болка во грлото 3

Пилешка супа

Пилешката супа е добро познат традиционален лек против настинка и болка во грлото. Направете супа која ќе изобилува со моркови, лук, целер, кромид и други зеленчуци. Овие намирници се добро познати по своите лековити и антивоспалителни својства.

Овесна каша

Овесната каша содржи растителни влакна, го намалува холестеролот и богата е со протеини, па затоа секогаш е добар избор за појадок кога имате воспалено грло. А, доколку кашата ја збогатите со мед или банана ова јадење во голема мера може да ви ги намали болките во грлото.

Кајгана

Јајцата се богати со протеини и може да помогнат при воспаление на грлото. Меѓутоа, при нивната подготовка не треба да додавате многу зачини, бидејќи тоа може дополнително да ја влоши иритацијата на грлото.

Чај од жалфија

Тоа е уште еден добро познат лек против болка во грлото. Жалфијата содржи флавоноиди, ензими и феноли и затоа е одлично средство за правење гаргара. А, доколку се одлучите да го пиете како корисен топол напиток, во средно изладен чај додајте лажичка планински мед. Вкусот станува подобар, а својствата на чајот покорисни за грлото.

Совет плус: Ако сакате да ги искористите максимално добрите својства на медот за здравјето, направете правилен избор на природен и проверено добар мед. За таа цел, топло ви препорачуваме палетата на Рес-Ком, која изобилува со голем избор. Може да си купите планински, цветен, ливадски, липов, дабов мед, диет мед, мед од багрем… Ако сакате да дознаете повеќе за нив, посетете ја нивната фан страница Res-Kom Resen, нивниот инстаграм профил или контактирајте ги на телефонот 047 452 489. Нека храната биде твојот лек и лекот биде твојата храна!

9 намирници кои спречуваат болка во грлото 2

Интегрални тестенини

Тестенините од цело зрно житарици се богати со растителни влакна, железо, цинк и витамините Б1, Б2, Б3 и Е. Затоа претставуваат здрав и хранлив оброк особено при настинка и грип кога имате болки во грлото.

Обарен морков

Морковот е здрав зеленчук кој при болка во грлото се препорачува да се јаде обарен, бидејќи на тој начин полесно ќе може да го проголтате и помали се шансите дополнително да ги иритира болните крајници. Морковите се богати со витамините А, Ц, К и со растителни влакна и калиум, па се одличен избор при настинка и грип.

Ви препорачуваме да прочитате: Здравје во тегла! – Природниот мед е единствена нерасиплива храна!

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: