здравје во тегла

Здравје во тегла! – Природниот мед е единствена нерасиплива храна!

Природниот мед е познат и претставува единствена нерасиплива храна, која со тек на времето може само го менува обликот и од течна да премине во кристална форма, но не и да се расипи! Оваа одлика која е карактеристична само за медот, на уникатен начин ја истакнува неговата вредност и потврдува зошто оваа вкусна и здрава намирница била употребувана како природен засладувач уште во праисторијата, долго пред шеќерот да стане широко достапен во XVI-тиот век.

Нашите предци биле свесни за здравствените придобивки од мед и истиот бил консумиран и користен во медицината. Античките Египќани верувале дека редовното внесување на мед принесува за подолг живот и поголема виталност.

здравје во тегла

 

 

Има ли природниот мед рок на траење?

Уште од античко време и пред да се започне со употреба на шеќерот, медот бил многу употребуван како засладувач. Тоа не е без причина, квалитетниот и органски мед, може да трае бесконечно долго ако соодветно е затворен и чуван. Археолозите откриле мед во античките Египетски гробници кој сѐ уште бил јадлив! Медот треба да се чува на суво место, затоа што апсорбира влага, а мед со висока количина на влага може да се измени во својствата и да ферментира.

Медот е здрава замена за шеќерот

Медот е сладок еликсир составен од фруктоза и глукоза, а истовремено богат извор на минерали: железо, калциум, фосфати, калиум и магнезиум, а исто така е и одлична и здрава замена за шеќерот. Имаат речиси иста калориска вредност, но медот има поголем број на хранливи материи, овозможува подобра регулација на нивото на шеќер во крвта и придонесува за полесно одржување на витката линија.

Добивањето на медот е подарок од природата за сите нас

Околу 60 000 пчели колективно минуваат околу 100 000 километри собирајќи нектар доволен за да се добие половина килограм мед.

Откако нектарот е собран, пчелата го пакува во својот  „екстра” стомак каде се меша со ензими и преку процесот на регургитација се пренесува до устата на друга пчела. Овој процес се повторува додека нектарот стане делумно сварен и потоа се депонира во саќе. Преку процесот на евапорација испарува водата и се добива густа материја која сите ние ја знаеме како мед. Притоа, саќето се запечатува со течен, абдоминален секрет од пчела  и се стврднува во пчелин восок.

Во светот се познати над 300 типови на мед.  Кај нас најмногу се среќаваат различни нијанси на темен и светол мед, односно планински или ливадски мед. А, ако сакате да дознаете кои се разликите помеѓу темниот и светлиот мед, или пак, сакате да знаете како најдобро да ги искористите нивните својства и придобивки, имаме добри вести, наскоро во посебен текст ќе ги објасниме детално.

Нека храната биде твојот лек и лекот биде твојата храна!

Ви препорачуваме да прочитате: Искористете мед како средство за чистење на лицето.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

 

Сподели: