витамин К-2

Зошто е важен витаминот К2 во лето? – совети од Д-р Нела Деспотовска

Во летните месеци, кога сонцето е најинтензивно и нашиот организам создава повеќе витамин Д, време е да позборуваме за важноста на витаминот К2. Тој го регулира правилното распоредување на калциумот во телото, го спречува таложењето во крвните садови и ги штити коските и кожата.

Зошто токму во лето ни е потребен овој витамин? – На оваа тема поразговаравме со д-р Нела Деспотовска.

Витамин К2

Витамин Д и К2 – силен летен тандем

Сигурно знаете дека витаминот Д се создава преку сонцето. А во лето многу се изложуваме на сонце, со што се зголемува нивото на витамин Д во телото.
Витаминот Д ја зголемува апсорпцијата на калциумот, но калциумот мора правилно да се распореди – токму тука се јавува важноста на витаминот К2.

К2 го „води“ калциумот кон вистинските места – кон коските, и истовремено го спречува таложењето во артериите и кожата.

Го поддржува здравјето на коските во лето

Витаминот К2 помага за зацврстување на коските и спречување на остеопороза. Тоа е особено важно во летните месеци кога сме поактивни и изложени на ризик од повреди. 

Додатокот на К2 ја подобрува јачината на коските и помага калциумот да се депонира на правилни места – како коските, наместо во артериите.

Ова е особено важно за лица кои се под ризик од остеопороза и како дел од терапијата земаат додатоци со калциум и витамин Д.

Го подобрува кардиоваскуларното здравје

Витаминот К2 помага да се спречи таложење на калциум во артериите, што го намалува ризикот од срцеви заболувања и ја подобрува циркулацијата.

Ја штити и хидрира кожата 

Во летниот период, кожата е изложена на штетни влијанија од сонцето, хлорирана или солена вода, што може да предизвика сувост и воспаленија.

Витаминот К2 го намалува воспалението и го помага заздравувањето и хидратацијата на кожата.

Ја зголемува енергијата и ја поддржува митохондријалната функција

К2 ја засилува функцијата на митохондриите – енергетските центри на клетките, што е корисно во летниот период кога сме поактивни и ни е потребна повеќе енергија.

Храна богата со витамин К2:

Витаминот К2 се наоѓа во дел од намирниците како:

  • Полномасни млечни производи (тврдите и старите сирења, путер)
  • Кисела зелка – особено ако е домашно ферментирана
  • Јајца (посебно жолчката)
  • Месо од животни кои пасат на трева (органско, природно одгледано).

Која форма на К2 е најдобра?

Витаминот К2 се препорачува да се зема во комбинација со витамин Д, за да се овозможи оптимална поддршка на здравјето на коските и крвните садови.

Важно е да се избере витамин К2 во форма на MK-7, која има подобра апсорпција и подолготрајно дејство. Препорачуваме MK-7 Vitamin K-2. MenaQ7® MK-7 е уникатна без соја, биодостапна форма на витамин К-2 која игра клучна улога во артериското здравје преку нејзината способност за поддршка на соодветен метаболизам на калциум во крвните садови и артериите.

Витаминот К2

Овој додаток може да се набави:

  • Онлајн, преку vitamini.mk со бесплатна достава до дома.
  • Во поголемите аптеки низ земјата. 

Кој не треба да зема витамин К?

Ако сте бремени или доите, избегнувајте високи дози на витамин К (повеќе од 65 mcg). Ако сте преживеале срцев удар, мозочен удар или сте склони кон крвни згрутчувања, пред да почнете да земате витамин К консултирајте се со доктор.

За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги vitamini.mk на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Може да те интересира: Д-р Нела Деспотовска советува – Витамин К за превенција на Алцхајмерова болест.

*Текстот е овозможен од vitamini.mk.

Сподели: