L-Carnitine 1

L-Carnitine за слабеење и подобра физичка спремност

Вежбате за да ги намалите килограмите? Спортувате професионално или рекреативно? Колку и да се трудите, не можете да ја постигнете посакувата цел? – Во тој случај, постои можност на вашето тело да му е потребен L-Carnitine. Што е карнитин и како може да ви помогне при слабеење и физичка активност, дознајте од текстот кој го подготвивме.

L-Carnitine е неесенцијална аминокиселина која се синтетизира од аминокиселините лизин и метионин. Се создава во црниот дроб и бубрезите кои произведуваат доволна количина на карнитин. Потребен е за пренос на масните киселини до митохондриите, каде мастите согоруваат и создаваат енергија. На тој начин, L-Carnitine има улога во производство на енергија, а важен е и за срцето, мозокот и движењето. Затоа и не е чудно што најголема концентрација на карнитин се наоѓа во скелетните и срцевите мускули.

L-Carnitine 2

Ако замислиме дека телото е „мотор“, а мастите се „гориво“ кое го придвижува моторот, L-carnitinе е „маслото“ кое го подмачкува.

Може да ве интересира: Што е L-carnitinе и кои се неговите предности?

Храна која е извор на L-Carnitine

Храната од животинско потекло е главен извор на L-Carnitine, а растителната храна го содржи во мали количини. Извори на Л-Карнитин се:

  • месо (особено свинско и говедско)
  • живина
  • риба (особено бакалар)
  • млеко и млечни производи.

L-Carnitine ја подобрува физичката активност и го поттикнува слабеењето

Карнитинот, најголема примена наоѓа во сферата на спортот, рекреацијата и слабеењето. Во суштина, L-Carnitine својата ефикасност ја покажува доколку се зема 15 до 30 минути пред физичка активност. Самостојното земање на карнитин, без некаква телесна активност не дава резултати затоа што без активација на телото, не постои трошење на енергијата од мастите. Доколку имате потреба од L-Carnitine за слабеење, најдобро е да го комбинирате со аеробни вежби.

Спортистите се група која најчесто го користи L-Carnitine како додаток во исхраната затоа што ја зголемува мускулната сила и физичкиот перформанс бидејќи го овозможува производството на енергија, а исто така и го забрзува опоравувањето после тренинг или натпревар. Се смета дека земањето на карнитин во облик на додаток во исхраната го зголемува спортскиот перформанс за 11%. Суплементацијата со L-Carnitine, меѓу другото доведува до намалено создавање на слободни радикали и помала болка во мускулите при физичка активност.

L-Carnitine како додаток во исхраната

Како додаток во исхраната земете 1 капсула, 1-3 пати дневно или 1 до 3 грама, со или без храна. L-Carnitine е неесенцијална аминокиселина која помага да се одржи целокупно добро здравје помагајќи го преносот на групите масни киселини во митохондријалните мембрани за производство на енергија во клетките. Карнитинот природно се наоѓа во црвеното месо и другите животински извори на храна, но може да се земе како додаток во исхраната за да се постигнат оптимални нивоа на оваа извонредна аминокиселина.

Имајќи предвид дека не станува збор за лек, туку за додаток во исхрана, набавката е прилично лесна. Токму заради тоа, она што треба да знаете и да внимавате е изборот на производителот. Секогаш избирајте проверен и сертифициран производител во кој имате доверба. Ние го препорачуваме NOW® L-Carnitine, кој претставува најчиста форма, клинички тестирана и не е од животинско потекло. Дополнителни карактеристики за него се:

  • обезбедува фитнес поддршка
  • ги транспортира масните киселини
  • ја зголемува клеточната енергија
  • вегетаријански/веган производ.

NOW® L-Carnitine го има во поголемите аптеки низ земјава, а може да го нарачате и од онлајн продавницата на Тримекс со бесплатна достава.

Поголеми дози може да доведат до појава на непријатен мирис на риба. Ефектите од земањето на L-Carnitine може да се забележат само ако потребната доза се зема подолг период и во комбинација со физичка активност. Покрај лица кои вежбаат и лица кои сакаат да ослабат, карнитинот се препорачува и на вегетаријанци, вегани и лица на рестриктивни диети.

За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Ви препорачуваме да прочитате Како влијае и за што делува земањето на L-carnitinе?

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: