Желбата за чисто и свежо лице ја има секој од нас, па ви предлагаме да ја пробате оваа домашна маска против акни. Има несекојдневен состав за домашна маска, но затоа резултатите и ефектот на чисто лице не изостануваат. Посебно е погодна за масна и комбинирана кожа, а потребно ви е да имате на располагање само две состојки, лимон и аспирин. На лесен и евтин начин, до чисто лице без акни!
Акните се естетски проблем кој посебно ги измачува најмладите, а не би можеле да кажеме дека некој воопшто ужива во нив. Не секој може да си дозволи да користи скапа козметика и различни препарати кои можеби ќе помогнат во подобрување на состојбата на лицето, а бидејќи ние се уверивме во делотворноста на оваа домашна маска ја споделуваме со вас и топло ви препорачуваме да го искористите тоа што состојките се лесно достапни. Искористете ги нејзините придобивки, а посебно ќенви биде корисна ако имате масна или комбинирана кожа на лицето.
Состојки:
- 6 истолчени таблети аспирин
- 3 лажици сок од лимон
- сода бикарбона за плакнење на лице.
Подготовка и начин на употреба:
- Оваа маска против акни се подготвува многу лесно. Во чист сад измешајте ги убаво сокот од лимон и истолчениот аспирин.
- Маската треба да стои на лицето околу 10 минути.
- Се отстранува така што, во 1 литар вода треба да се раствори 1 ќесичка сода бикарбона, па со таа течност се мие маската од лицето.
Дополнителни совети против акни:
- За здрава кожа, навечер не треба да се спие со креми и шминка на лицето.
- Пиењето на една чаша сок од лимон дневно, превенира акни и флеки.
- Не ја занемарувајте домашната нега.
- Со секојдневен труд, упорност и трпение, може да постигнете резултати кои ќе ве радуваат и ќе ве ослободат од акните и митесерите.
Ви предлагаме да прочитате: 8 намирници против акни.