Ве мачат респираторни инфекции, синуситис или воспаление на ушите? – N-Acetyl Cysteine е вистинската помош! Оваа аминокиселина ги ублажува симптомите на инфекциите на респираторниот тракт и помага при нивен третман. А, зошто е тоа така, дознајте од текстот кој го подготвивме после нашето истражување.
NAC е антиоксиданс кој се претвора во телото во амино киселина наречена цистеин. Цистеинот помага да се произведе глутатион, антиоксиданс кој игра клучна улога во регулирањето на многу клеточни функции. Штити и помага при третирање на голем број на здравствени проблеми, особено при респираторни инфекции.

Улогата на NAC во одржување на здравјето
NAC (N-Acetyl Cysteine) е ацетилиран облик на аминокиселината цистеин. Учествува во детоксикација на организмот на клеточно ниво и ја помага функцијата на црниот дроб. NAC е прекурсор на глутатионот, најсилниот антиоксиданс и елиминатор на штетното дејство на слободните радикали. Штити од токсичното дејство на некои лекови и хемикалии. Со тоа, ги штити нервите, мозокот и црниот дроб од оштетувања кои настануваат под влијание на загадувачи, како алкохол, чад од цигари и штетни материи од воздухот.
NAC му помага на организмот во метаболизирањето на мастите и учествува во градба на мускулатурата. Игра значајна улога во активноста и создавањето на белите крвни зрнца кои се задолжени за имунолошкиот одговор. Спортските нутриционисти често го препорачуваат NAC во периодите на интензивно тренирање и зголемен стрес пред натпревар, за да не дојде до слабеење на имунитетот. Тоа е така заради што NAC:
- Го обновува нивото на глутатион после интензивен напор
- Ја зголемува изградбата на мускулна маса
- Го намалува нивото на холестерол
- Го намалува нивото на хомоцистеин, аминокиселина која може да предизвика разни болести.
Помага при респираторни инфекции
Најголемата и најважна улога на N-Acetyl Cysteine е борбата против респираторните инфекции. Имајќи предвид дека особено благотворно делува на респораторниот тракт, па како додаток, се препорачува при треирање на синуситис, воспаление на ушите, вирусни инфекции, хроничен бронхитис и хронични белодробни болести и го намалува ризикот од настанување на респораторни инфекции. Ја елиминира слузта од респираторните органи, што е особено значајно при бронхитис, затоа што на тој начин се намалува кашлањето. Пушачите се група која најчесто страда од хроничен бронхитис, па нив особено им се препорачува употреба на NAC како додаток на исхраната. Пушачите може да имаат голема корист од овој антиоксиданс затоа што покрај другото, ги елиминира бактериите во белите дробови. Недостатокот на овој облик на аминокиселина е најчеста причина за појава на хронични белодробни болести.
Ацетилцистеинот има секретолитичко дејство кое предизвикува разводнување на густиот бронхијален секрет и олеснето поминување низ бронхиите и трахеата, и на тој начин ја зголемува ефикасноста на искашлувањето и го подобрува дишењето. Кај пациентите со хроничен бронхитис и муковисцидоза, ацетилцистеинот дејствува профилактички, намалувајќи ја зачестеноста и интензитетот на бактериските инфекции.
Употреба на N-Acetyl Cysteine e како додаток на исхраната
Како додаток на исхраната, се препорачува да се зема 1 капсула 2 пати дневно после оброк, заедно со витамин Ц. Најдобро е да се зема 5 дена со ред, па да се направат 2 дена пауза. Целта на ова е успешно зголемување на нивото на глутатион во организмот, а и да не се намали природното производство на глутатион. Лицата кои интензивно кашлаат треба да го земаат NAC наутро и во текот на попладнето, а никако навечер. Лица кои страдаат од чир на желудник не треба воопшто да земаат додатоци кои содржат N-Acetyl Cysteine.
Цистеин е аминокиселина, основна состојка на телесните протеини. Кога се зема во вид на додаток на исхраната, се внесува во облик на N-Acetyl Cysteine (NAC) кој телото го претвора во цистеин, а потоа во глутатион. NAC е значително постабилен обик на цистеин. Има улога во синтеза на протеините и го поддржува имунолошкиот систем. Недостатокот на глутатион се поврзува со голем број на болести: Паркинсонова, Алцхајмерова срцеви, белодробни болести… Земањето како додаток го подигнува нивото на глутатион, особено при болест, настинка и физички напор. Ја зголемува силата и издржливоста на организмот.
Се користи како помош при терапија на:
- Рак
- Труење то тешки метали
- Респираторни инфекции
- ХИВ
- Шизофренија
- Алцхајмерова болест
- Паркинсонова болест
- Зависност
- Депресија.
Наша препорака:
Кога станува збор за додатоци во исхраната, секогаш топло ги препорачуваме производите на Тримекс. Па така, наша препорака за дополнителен внес на ацетилцистеин е NAC од NOW FOODS. N-Acetyl Cysteine (NAC) е стабилна форма на неесенцијалната аминокиселина цистеин. Тоа е аминокиселина која содржи сулфур која делува како стабилизатор за формирање на протеинските структури, а исто така е неопходна и за формирање на глутатион. Молибден и селен се основни минерали во трагови присутни во овој производ кои го олеснуваат производството на неколку важни ензими. Земањето на додаток на N-Acetyl Cysteine (NAC) може да ве заштити од широк спектар на здравствени проблеми, меѓу кои и респираторни инфекции. NAC има силно антиоксидативно дејство, пред сѐ е прекурсор на глутатион кој ги неутрализира слободните радикали и има заштитна улога на респираторниот систем од штетното дејство на слободните радикали. Ја подобрува функцијата на белите дробови со намалување на воспалението и разводнување на слузта, а со тоа ги ублажува хроничните респираторни заболувања.
NAC од Тримекс може да го нарачате преку нивната онлајн продавница со бесплатна достава, а достапен е и во повеќето аптеки низ земјава. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.
Ви препорачуваме да прочитате: 7 решенија против синуситис – воспаление на синусите.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.