Кремаст прилог од ориз и моркови

Кремаст прилог од ориз и моркови

Ако сакате вашето јадење да има прекрасен и потполн вкус богат со витамини и хранливи материи, искористете го фантастичниот предлог на Клара за кремаст прилог од ориз и моркови. Може да го комбинирате како прилог со пилешко месо, стек, кременадли или пак риба. Вкусот е многу прилагодлив!

5 придобивки од истакнатиот зачин и лек шафран

Симпатичниот шафран е исклучително ценета состојка која се користи како зачин при готвење на различни јадења и тоа скоро во цел свет. А освен што е квалитетен зачин кој му дава на јадењата посебен вкус, шафранот е и лековита состојка од големо значење.

Домашен чиабата леб

За превкусниот чиабата леб карактеристични се големи шуплини кои му даваат препознатливост од останатите лебови. Кога ќе го пресечете ќе ве пречека една интересна тексура со шуплини, па одличен е за макање, како и за мачкање. Често е употребуван во разни сендвичи и во разновидни слатки и солени комбинации на храна.

домашни пуканки

Направете совршени домашни пуканки

За пуканките се вели дека се супер здрави грицки, но тоа се однесува само на домашно приготвените пуканки. Пуканките кои се приготвуваат во микробранова печка најчесто содржат поголем број на адитиви и затоа ве советуваме да си направите сами домашни пуканки.

Домашно слатко од рендани дуњи

Сите обожаваат слатко од дуњи, но неговата подготовка и сечењето на мали парчиња понекогаш може да биде проблем. Затоа ви претставуваме полесна верзија за слатко од рендани дуњи кое може да го користите и како мармалад, да го мачкате на парче леб или да го додавате како фил на торти и колачи.

Чоколадни макаронс колачиња

Чоколадни макаронс колачиња

Макаронс колачињата имаат долга традиција на уживање од кралските редови! Ако ја дознаете приказната за нив, дегустацијата на секое колаче ќе ви биде уште поинтересна и повкусна, затоа продолжете да читате и секако откријте го домашниот рецепт!

Кора од лимон – 13 нејзини употреби

Лимоните освен што се вкусни имаат голем број на здравствени придобивки за здравјето. Кога се нанесуваат локално, тие се природни чудесни лекови за кожата и косата. Штом се зборува за придобивките од лимоните, најпрво многумина помислуваат на лимоновиот сок, но и кората од лимоните содржи одредени ензими кои помагаат за подобро здравје.

Домашна крем супа од моркови и компири

Здрава супа од моркови за сите генерации! Хранете се здраво и искористете ги хранливите состојки кои ни ги нудат морковите. Овој пат во нашата кујна приготвивме вкусен рецепт за крем супа од моркови и компири, збогатена со куркума и магдонос. Направете ја и уживајте во нејзиниот кремаст вкус заедно се семејството и пријателите.

Техника за виткање на срце од салфетка

Техника за виткање на срце од салфетка

Срцето е еден од најстарите и најпознатите симболи на нашата планета, покрај крстот и полумесечината како останати познати симболи. Така, доколку ве очекува некоја веселба, свадба, веридба, роденден или пак сакате да ја изненадите саканата личност, ви предлагаме да направите срце од салфетка за секој драг гостин и да уживате во нешто кое со причина бележи предолга традиција.

сончоглед погача со спанаќ и сирење 1

Сончоглед погача со спанаќ и сирење

Ако мислите дека е тешко да се направи декоративна, а истовремено многу вкусна погача со фил од спанаќ и сирење, ќе ви кажеме дека сега го имате вистинскиот рецепт и одлично видео кое ќе го презентира начиниот на изработка.  

5 совети за да направите совршена домашна торта

Сигурно и вие имате по некоја грешка во кујната, при подготвување на десерти, но тоа не треба да ве спречува одново да се обидете да експериментирате со нови рецепти. И на најискусните слаткари им се случило тортата која ја приготвуваат да не изгледа совршено како што посакувале и покрај тоа што имаат големо искуство.

Здрава проја со блитва – без глутен

Рецептов за оваа здрава проја со блитва доаѓа директно од нашата кујна, испробан е и ви гарантираме дека ќе посакате да го направите пак. Супер е како замена за леб, без глутен е, не дебели и погодна е за диета.

5 добри причини за редовно да јадете костени

Скапоцените костени се намирница која изобилува со хранлива и енергетска вредност и се препорачливи за деца, спортисти, трудници и повозрасни лица. Тие се обележје на ладните денови и топло залче кое сите го посакуваме!

Брза зелена салата со калинки и ореви

„Бидете храбри и отворени за нови вкусни сензации! – Пробајте ја мојата преубава и уникатна салата! Ви гарантирам дека вкусот на оваа зелена салата со калинки и ореви е фантастично свеж и неповторлив. Рецептот доаѓа од директно од мојата кујна, каде прво го дегустиравме и помина низ строгиот „филтер“ на изострени вкусови.“ –  со насмевка вели Катерина од нашиот тим.