5 придобивки од истакнатиот зачин и лек шафран

Симпатичниот шафран е исклучително ценета состојка која се користи како зачин при готвење на различни јадења и тоа скоро во цел свет. А освен што е квалитетен зачин кој му дава на јадењата посебен вкус, шафранот е и лековита состојка од големо значење.

Се одликува со значајни антиканцерогени својства, кои доаѓаат од неговите состојки крокин, шафранал и пикрокроцин, кои го запираат ширењето на ракот, преку спречување на растот на канцерогените клетки кај болните од рак.

Шафранот е фантастичен антидепресив, а посебно кога се користи во облик на чај има значаен придонес против депресијата. Научните истражувања упатуваат на тоа, дека поголемите количини на консумиран чај од шафран дури и го поттикнуваат лачењето на хормонот на среќата, што многу придонесува за одлично расположение.

Шафран - истакнат зачин и лек

Уште старите традиционални медицински совети сведочат дека шафранот ја подобрува циркулацијата на крвта и го зајакнува срцето. Активната состојка кроцетин влијае врз намалувањето на концентрацијата на холестеролот и триглицеридите во крвта, а со тоа и да го спречува или намалува развојот на атеросклерозата и компликациите кои потекнуваат од неа, како што се срцев, мозочен удар, итн.

Шафраналот кој е состојка шафранот претставува јак антиоксиданс кој ги уништува слободните радикали кои сеодговорни за оштетувањето на клетките и ткивата.

Според голем број научни истражувања, шафранот е значаен и го чува здравјето на очите, го подобрува видот и успешно ја спречува или барем ја ублажува појавата на макуларна дегенерација која е една од најчестите причини за слепило кај постарите лица.

Сподели: