туна салата со домашен прелив

Туна салата со домашен прелив

Пробајте ја вкусната туна салата со прелив кој ќе го приготвите сами. Доаѓа од интернационалната кујна, а позната е уште под името „Nicoise“ туна салата, како што е насловена и на страницата partial-ingredients.com каде го најдовме рецептот.

салата од макарони со зеленчук и печурки

Салата од макарони со зеленчук и печурки

Пробајте ја нашата салата од макарони со зеленчук и печурки, приготвена брзо и лесно на здрав начин, со вкус кој нахранува, а не прејадува. Идејата за рецептот потекна од потребата, што вкусно и здраво може да се носи како оброк за на работа. Едноставна е за пакување, лесна за носење и вкусна за јадење во секој миг. Ние ја дегустиравме и ви препорачуваме да ја пробате и вие!

посна салата со макарони

Посна салата со макарони и зеленчук

Од кујната на Марија Кочовска! „Превкусна и брза посна салата со макарони и зеленчук. Секоја трпеза време на пости или куќни свечености ја красат вкусни салати. Ако не сакате да поминувате многу време во кујната, а ви се најавиле гости или имате некоја свеченост, ви предлагам да ја пробате оваа посна салата со макарони и зеленчук.“ – вели Марија.

Салата со јајца и кисели краставички

Доколку ви сте љубител на кремасти салати ви предлагаме да ја пробате оваа салата со јајца и кисели краставички. Може да ја послужите како прилог со ручекот или да ја ставите во сендвич направен од интегрално лепче во комбинација со марула и кашкавал. Брзо се припрема, а е многу вкусна!

посна салата со макарони и туна

Салата со макарони и туна

За љубителите на салата со макарони и туна, им подготвивме уште еден добар рецепт. Оваа салата е идеална за појадок или вечера, а за подготовка нема да потрошите повеќе од 30 минути. Салатата со макарони и туна можете да ја направите и за време на пости, така што обичниот мајонез ќе го замените со посен.

салата од јаболка

Салата од јаболка, мед и цимет

Едно јаболко на ден и лекар не ви е потребен – добро позната изрека, насекаде во светот.  Докажано е дека јаболката се многу здраво овошје. За да го зачувате и подобрите здравјето ви предлагаме да ја пробате оваа лесна и брза салата од јаболка. Одличен рецепт кој е 100% природен, здрав и полн со витамини, има специфичен вкус, а исто така е наменет за сите возрасти. Салатата од јаболка може да користите и како додаток во благи пити и колачи.

салата од ориз и зеленчук

Салата од ориз и зеленчук

Едноставна, здрава салата од ориз и зеленчук која лесно се припрема. Оваа салата од ориз изобилува со зеленчук во различна боја, што ја прави привлечна за сите, особено за малите деца.  Салатата не содржи мајонез и е идеална за сите кои внимаваат на својата линија и здравје.

Рецепт за шопска салата

Шопската салата е едно од македонските традиционални салати, а освен кај нас, карактеристична е и за Бугарија и Србија. За потекло на оваа салата се зема регионот околу Шоплук препознатлив по доброто сирење кое што жителите го користеле во најразлични јадења. Името шопска салата го добила според словенското племе Шопи кое живеело на тој регион.