Свежа салата за брз метаболизам и добар имунитет

Свежа салата за брз метаболизам и добар имунитет

Размислувате што да направите за вечера? Отфрлете ги брзата и обработена храна од потесниот избор и одлучете се за едноставна свежа салата од кинеска зелка, која во ладните денови може да биде еден од главните помагачи за подобро здравје и добар имунитет.

Така, салатата во која главната состојка е кинеската зелка изобилува со широк спектар на витамини и здравствена корист, а за да биде уште побогата со хранливи материи, како што се протеини и растителни влакна, може да се додадете и свежи никулци кои се познати стимулатори на метаболизмот и помагаат за зајакнување на имунитетот. Еве како може едноставно и брзо да ја направите оваа салата. 

Лимонот е добра замена за киселина, додека додавањето на сол може да се замени со сув босилек или оригано. Кинеската зелка има природно висока количина на сол, па поради тоа дополнителните количини на сол во салатата е пожелно да се избегнуваат. Никулците треба да се консумираат исклучиво свежи, откако добро ќе се измијат, бидејќи доколку термички се обработуваат многу лесно ги губат корисните материи.

Свежа салата за брз метаболизам и добар имунитет

Состојки:

Подготовка:

  1. Листовите кинеска зелка прво се мијат, а потоа се сечкаат на поситни парчиња. Краставицата и доматот исто така се сечкаат.
  2. Во поголем сад за салата се ставаат сите состојки,  потоса свежата салата се зачинува со маслиново масло, свежо цеден сок од половина лимон и зачини по желба.

Еден ваков обилен оброк од кој никогаш нема да ви биде доста одзема само 10 минути од вашето време, а може да придонесе многу за вашето здравје. Ви препорачуваме оваа свежа салата често да ја приготвувате, а исто така и слични нејзини варијации без размислување. Секако убавата страна на салатите е тоа што секогаш можете да додавате или одземате состојки, во зависност од достапните состојки, па така да настанат уште многу различни и здрави вкусови. На здравје!

Рецептот го испратил: Елена Бошковска.

Сподели: