Киселите краставички во тегли, припремени на овој начин, многу наликуваат на оние што се продаваат, а пак ако одгледувате или си купите ситни малечки краставички, во тој случај веќе ќе имате прва класа, домашни корнишони.

Искусеното и испробаното мора да се сподели! Нашата редовна читателка Анастасија го сподели со сите нас нејзниот одличен рецепт за ѓувеч и ни кажа дека навистина е совршен за подготовка на манџи за многу пократко време од обично. На ваше барање драги читатели, повелете супер рецепт за домашен ѓувеч!
Може да се каже дека превкусниот ајвар е омиленото традиционално јадење и белег на есента кој најголем број луѓе го обожаваат, а посебно кога е топол и пресно подготвен. Колку само добро мириса! Тој е познат како идеален придружник на ладните зими и храна која нема соодветна замена, а во комбинација со сирење се создава незаменливо и уникатно задоволство кое предизвикува вкусни сензации во устата!
Малиџано е вкусен специјалитет кој ние обожаваме да го јадеме во текот на зимата, а знаеме дека рецептот варира зависно од навиките во различните краеви на нашата земја. Секој има свој начин на подготовка, а ние ви го предлагаме нашиот испробан рецепт за малиџано, кое го правиме од црвени пиперки и неколку други состојки кои можете да ги прочитате во рецептот подолу.
„Еден од џемовите кој традиционално се припрема во нашиот дом е џемот од црни сливи. А овој пат решив да пробам да го направам во поздрава варијанта и наместо шеќер, ставив мед. Вкусот на овој џем од црни сливи и мед е многу подобар во споредба со џемот направен со шеќер, па ви предлагам и вие да го пробате овој рецепт.
Да ја искористиме сезоната на грозјето и да ги направиме најубавите рецепти. Во период кога имаме изобилство од грозје, нашата пријателка од блогот Kuhinjica Mignone ни предлага да направиме домашен компот од грозје, кој е 100% природен и не содржи конзерванси, а сигурно ќе ве освежи вас и вашите најмлади членови во семејството.
Маринара сос е популарен италијански сос кој се прави од домати, кромид и зачини. Понекогаш во сосот може да се додадат чили пиперки, босилек и оригано. Овој сос е познат по тоа што е лесен за припрема, а е одлична основа за многу јадења. Може да се употребува како сос за крекери или сирења, за тестенини, пици, но исто така и за печено месо.
Ако решите да се разладите во природа и да соберете капинки, верувајте дека ќе ви се исплати трудот. Ако соберете повеќе и не можете да ги изедете свежи, направите си многу вкусен џем од капинки во кој за уникатен вкус ќе додадете и малку чоколадо, а вашите сакани дегустатори ќе бидат навистина среќни!