џем од сливи со мед

Здрав џем од црни сливи и мед

„Еден од џемовите кој традиционално се припрема во нашиот дом е џемот од црни сливи. А овој пат решив да пробам да го направам во поздрава варијанта и наместо шеќер, ставив мед. Вкусот на овој џем од црни сливи и мед е многу подобар во споредба со џемот направен со шеќер, па ви предлагам и вие да го пробате овој рецепт.

Џемот од сливи највкусен е на парче интегрален леб или може да го користите како фил за колачи. За негова подготовка најдобро е да се користат зрели црни сливи. Покрај џем, можете да направите компот од црни сливи, мармалад, сок и слично. На било кој начин да се подготват црните сливи, нивниот вкус секогаш е неверојатно неодолив и посебен.“ – вели Марија Кочовска од нашиот тим.

џем од сливи со мед

Количината на состојките е по желба, во зависност колку црни сливи имате на располагање.

Состојки:

  • црни сливи
  • мед

Подготовка:

  1. Сливите добро измијте ги и ставете ги врз кујнска крпа да се исушат.
  2. Потоа прсечете ги на половина и отстранете им ги семките.
  3. Сливите ставете ги во големо тенџере на оган, на средно висока температура и повремено мешајте ги со дрвена лажица за да не загорат.
  4. Штом сливите ќе пуштат сок, продолжете со варењето и варете за време од 45 минути или повеќе (во зависност од количината на сливите) ги додека омекнат, џемот стане хомоген и смесата е густа.
  5. Кога џемот ќе се згусне, тенџерето тргнете го од оган и додајте го медот. Измешајте за да се соединат состојките.
  6. Готовиот џем од црни сливи и мед ставете го во топли стерилизирани тегли (чувани во топла рерна 15-тина минути на 50 степени) и оставете еден до два сантиметри од врвот на теглата. Теглите затворете ги со метални капачиња и свртете ги со капакот на долна страна. Оваа постапка е знајчана за да може да се вакумираат теглите. Теглите со џемот од црни сливи и мед, оставете ги да се изладат преку ноќ, а потоа наредете ги кон останатата зимница. Поздраво и повкусно, нема!

Препорака од авторот:

Веќе размислуваш да го испробаш џемот? Имаш прашања? – Пиши ми на Facebook или Instagram. Посети ги моите профили и пронајди ја твојата инспирација за подготовка на вкусно јадење или десерт. Може да ме следиш на:

А штом го направиш, испрати ми ги фотографиите или означи ме на твојата објава. Со задоволство ќе ги споделам на стори. И најважно од сѐ – готви со љубов и сподели со најблиските.“ – додава Марија.

Автор на рецепт и фотографии: Марија Кочовска@kocovska.marija.

Ви предлагаме да прочитате: Чоколадирани колачи со кокос.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: