Најубавите празници се пред нас! Богати трпези, вкусни јадења и дружење со најблиските и пријателите. Збогати ја новогодишната и божиќната трпеза со 3 празнични десерти.
Постите само што започнаа, а сите идеи за посни колачи и рецепти се добредојдени! Овој пат прошетавме низ маркетите, а инспирација ни беа посните десерти од Винчини. Пронајдовме неколку супер вкусни колачиња кои ги споделуваме со вас. Ванилици, ванилици со чоколадо, гурабии, белани, домашни посни колачиња… еве кои се нашите 5 предлози за овие пости.
Традицијата треба да ја зачуваме и да ја продолжуваме за идните генерации! Нашите стари рецепти, култура и фолклор се препознатлива карактеристика за нашиот народ ширум светот. А кога сме кај рецептите, со желба да ги сочуваме и пренесуваме, приготвивме старински ванилици, онака како што ги правеле нашите баби многу одамна.
Ретко кој ги нема пробано, а тоа и не е така без причина! Штом се спомнат ванилици потсетуваат на вкусот од детството, на убавите спомени и моменти на дружба од нашето маало. Совршени за да ги почестите пријателите, да се засладите кога пиете кафе или чај, а овој пат предлогот е за уште поубави од обично ванилици со мармалад!