Ванилици со мармалад

Ретко кој ги нема пробано, а тоа и не е така без причина! Штом се спомнат ванилици потсетуваат на вкусот од детството, на убавите спомени и моменти на дружба од нашето маало. Совршени за да ги почестите пријателите, да се засладите кога пиете кафе или чај, а овој пат предлогот е за уште поубави од обично ванилици со мармалад! 

Ванилици со мармалад

Состојки:

  • 300 гр брашно
  • 100 гр шеќер
  • 250 путер или маргарин
  • 100 гр сечкани ореви
  • мармалад
  • шеќер во прав за наросување.

Подготовка:

  1. Во сад за месење се става претходно омекнатиот путер или маргарин.
  2. Потоа се додаваат шеќерот, оревите и брашното. Сите состојки се  мешаат убаво и добро се меси, за да се добие мазно тесто.
  3. Од тестото се расукува кора и се прават форми по желба.
  4. Ванилиците се редат во намрсен плех и се печат на 220 степени, додека не заруменат.
  5. Откако ќе се изладат се земаат 2 парчиња и се лепат со мармалад, а потоа се наросуваат со шеќер во прав и се спремни за дегустација.

На здравје!

Сподели: