Посни ванилици со цимет и бадеми 1

Посни ванилици со цимет и бадеми

Овие колачи имаат важно место во нашата традиција и скоро да нема човек кој не ги обожава! За време на постите пак, го запазуваме и фактот да може да си каснат и тие кои постат, па ви припремивме рецепт за ароматични и посни ванилици со цимет и бадеми.

Може да ве интересира: Брзи кокосовки.

Посни ванилици со цимет и бадеми 2

Состојки:

  • околу 500 гр брашно
  • 300 гр маргарин на собна температура
  • 150 гр шеќер во прав за подготовка на колачиња
  • 1/2 чаша мелени бадеми
  • 1 лажица цимет
  • 1 ќесичка ванилин шеќер
  • 20 мл бадемово млеко (може и вода за замена ако немате)
  • шеќер во прав по потреба за посипување на колачите.

Подготовка:

  1. Во сад за месење ставете ги маргаринот, брашното и ванилиниот шеќер, па измешајте.
  2. Додајте го бадемовото млеко, мелените бадеми и циметот, па добро измесете ја смесатата. Тестото треба да биде со средна тврдина и не треба да се дроби, ниту да се рони.
  3. Припременото тесто покријте го со најлонска фолија и оставете го да стои околу 20 минути.
  4. Откако тестото се одморило, направете кора и со помош на калапи формирајте колачи со форма по желба.
  5. Наредете ги во плех, кој претходно сте го обложиле со хартија за печење и оставете да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени, за време од 10 минути.
  6. Печените колачи треба да бидат со светла боја.
  7. Посипете ги со шеќер во прав, а по желба додајте и малку цимет при посипувањето. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Ванилици со мармалад.

Сподели: