Ова лето добијте совршен бронзен тен со помош на природни масла за сончање. Со овие масла не само што ќе потемнете на здрав начин туку и вашата кожа ќе биде длабински хидрирана и мека како свила.
Маслиновото масло е здрава намирница која е ценета заради фантастичниот вкус и квалитет, па секогаш треба да го имате при рака! Ни беше инспирација за тематско истражување и препорачуваме да прочитате што подетално дознавме. Независно дали ќе го користите во исхраната или за нега на вашата кожа и коса, треба да знаете како да го изберете за да биде со најдобар квалитет, па да може да го даде својот максимум за вас. За специфичното и доста осетливо маслиново масло, исто така треба да знаеме правилно да го чуваме за да не се расипи и да го извлечеме најдоброто од него. Како што забележувате, има многу информации кои може да се корисни за сите нас, па да започнеме со дел од нив!
Често пати, кога одиме на патувања, веруваме дека и вие, исто како нас сакате да пробате нови нешта. Така во една прилика, замезивме нешто слично. Шетањето, а посебно посетата на рестораните покрај море нуди широки можности. Особено карактеристично е да се проба некое вакво јадење, па инспирирани од пријатните спомени имаме еден предлог за сите вас. На блогот на нашата пријателка Лана, наидовме на еден супер брз и лесен рецепт за медитеранско мезе од фета сирење. Препорачуваме да го пробате!
Прокељот е мал зелен зеленчук кој по својот изглед потсетува на минијатурна зелка. Ретко се користи во македонската кујна, а бидејќи има многу придобивки за здравјето, вреди да се потрудиме почесто да го користиме. Рецепти за подготовка на прокељ ретко се наоѓаат, па затоа ќе посветиме поголемо внимание на овој многу здрав зеленчук. Започнуваме со вкусна салата од прокељ која ни доаѓа од кујната на Лана.
Сонце, море и плажа се задолжителен дел од секое лето. За да биде се совршено, кожата треба соодветно да се негува при изложувањето на сонце со млеко, лосион или масло за сончање. Но, на етикетите на купечките препарати за сончање може да забележите дека тие содржат многу состојки и хемикалии. Затоа, ви нудиме здрава алтернатива за домашно масло за сончање.
Од секогаш корисното маслиново масло се сметало за дар од природата! Богато е со моно-незаситени масни киселини и витамин Е, кои делуваат како еликсир за срцето и крвните садови и спречуваат создавање на талози на ѕидовите на крвните садови, со што ги подобруваат проточните својста на крвта, превенираат срцев удар и многу видови канцери, како што се рак на дојка и рак на дебело црево.