Маслиново масло 1

Маслиново масло за безвременска убавина и здравје

Од секогаш корисното маслиново масло се сметало за дар од природата! Богато е со моно-незаситени масни киселини и витамин Е, кои делуваат како еликсир за срцето и крвните садови и спречуваат создавање на талози на ѕидовите на крвните садови, со што ги подобруваат проточните својста на крвта, превенираат срцев удар и многу видови канцери, како што се рак на дојка и рак на дебело црево.

Здравствена корист од маслиново масло

Mаслиновото масло претставува одличен медиум кој најдобро го нормализира нивото на ХДЛ И ЛДЛ холестеролот, а со тоа поволно делува во намалување на нивото на т.н. лош холестерол и намалување на нивото на вкупниот холестерол.

Делува како мелем за желудникот кај лица кои патат од чир или гастритис. Исто така е моќно средство кое спречува настанување на жолчни камења, спречува масна дегенерација на црниот дроб кај лица кои патат од цироза и овозможува одлична превенција од настанување на дијабетес мелитус тип 2.

Маслиново масло 2

Употреба на маслиново масло во корист на нега, здравје и убавина

Базичната смеса на сите кремови кои се користат во медицинската козметика се изработува врз основа на маслиново масло. Овој здрав еликсир го има во сите кремови кои даваат основна хидратација на кожата и помага таа да изгледа здрава, негувана и видно подмладена. Неодамнешните испитувања кои се направени докажуваат дека состојките од маслиновото масло го потиснуваат создавањето на брчките и ги обновуваат сите елементи потребни за најзина младост и затегнатост.

Ако сакате да имате коса полна со живот и скалп без првут ова е вашето најмоќно средство во борбата со сувиот скалп. Несомнено е дека состојките од маслиновото масло значително спречуваат и опаѓање на косата, и значително го забрзува нејзиниот раст за наколку сантиметри месечно.

Ако сте на рестриктивна диета или едноставни сакате здраво да се храните, маслиновото масло несомнено е ваш сојузник во здраво и лесно намалување на килограмите. Бидејќи маслиновото масло го забрзува метаболизмот и го потикнува согорувањето на маснотиите, ја подобрува апсорпцијата на храната во дигестивниот тракт. Потикнува прочистување на организмот со што ја забрзува перисталтиката на цревата и нивното празнење. Сето тоа ви дава исклучителна виталност и енергија за живот.

Ви препорачуваме да прочитате и како да препознаете квалитетно маслиново масло.

Сподели: