Акните најчесто се јавуваат во време на пубертетот, но многу возрасни се соочуваат со овој проблем, кој предизвикува оштетување и лузни на кожата. Една од најчестите причини за појава на акни се жлездите произведуваат масна течност, позната како себум, кој проаѓа низ мртвите клетки на кожата врз нејзината површина. Транспортот на себумот се прави низ фоликулите, а понекогаш тоа предизвикува нивно блокирање и акумулација на масната течност под кожата. Тоа доведува до насобирање на бактерии кои доведуваат до појава на акни.