овес - маски - купка - нега на кожа

Маски и купка од овес – решенија за сува кожа

Направете маска и купка од овес! Високата количина на протеини кои ги содржи овесот, ја заштитуваат кожата и превенираат загуба на вода, така што влажноста се задржува и кожата не се суши.

Овесот е добредојден како помош за да ја хидрирате и освежите сувата кожа, а покрај тоа се карактеризира и со анти-воспалителни и антиоксидантни својства кои се значајни за здравјето на кожата. Прочитајте некои интересни идеи и препораки корисни за здравјето и убавината кои можете да ги направите самите дома.

купка од овес

Маска за сува кожа на лицето

За да го решите проблемот со сувата кожа на лицето во сад измешајте една пасирана банана, една чаша овесни снегулки и додадете малку топло млеко. Маската нанесете ја на сува кожа и оставете да делува 10 до 15 минути. Потоа измијте го лицето со ладна вода. Оваа маска користете ја еднаш неделно.

Купка од овес за цело тело

Доколку имате сува кожа на телото ставете една чаша овесни снегулки во топла вода при бањање. Додадете неколку капки етерично масло од лаванда и опуштете се 15 до 30 минути во топлата вода. Уживајте во оваа купка еднаш неделно.

Маска за сува кожа на рацете

Голем број на луѓе овесот го користат за нега на сувата и испукана кожа на рацете. За нега на проблематичната кожа на рацете измешајте две лажици овесни снегулки со ¼ чаша вода. Оставете го овесот да стои 10 минути. Потоа додадете 1 ½ мала лажичка сок од лимон и ½ лажичка масло и добро измешајте. Нанесете од маската на рацете и оставете да делува 2 минути. Измијте ги рацете со ладна вода, исушете ги и нанесете лосион.

Сподели: