Посно, здраво и вкусно! За време на постите секогаш ми е предизвик да креирам оброк кој ќе биде балансиран со најважните состојки – протеини, растителни влакна и јагленохидрати, а да биде вкусен и хранлив. Така се роди идејата за овој посен оброк – медитеранска паштета од наут во комбинација со новиот протеински леб од Жито Лукс и зеленчук.