Славиме! sezahrana.mk победник во категоријата Храна и Здравје!

Наскоро е нашиот 9-ти роденден и како поубаво би го пречекале ако не со победа во она за што сме специјализирани?! 🙂 Храната и здравјето беа причината поради која започнавме! sezahrana.mk е специјализиран сајт за храна, основан во 2012 година, со објавени над 3800 авторски содржини/рецепти и ја имал довербата на повеќе од 50 пријатели и поддржувачи низ годините. Драги наши читатели, денес, благодарение на вашата поддршка и интерес, славиме победа во категоријата Храна и Здравје и трето место во категоирија Најдобар блог, на веќе традиционалната манифестација за Сајт на годината, во организација на Media Solutions.

Сѐ за храна помеѓу победниците за најдобар сајт на годината

Трета година по ред Сѐ за храна е дел од победничките сајтови во Македонија. Работиме за да бидеме најдобри за читателите не само за победничко место, бидејќи вие што нѐ следите сте најважни. Признание од некого годи, но лојалноста од вас читателите и вашите секојдневните позитивни коментари се најдобра награда од сѐ, иако тоа официјално никаде не стои. Ете затоа, благодариме на сите кои читаат и гласаа за sezahrana.mk! Ние ќе продолжиме да си работиме чесно и натаму!