јубилејна победа

10 годишнината ја заокруживме со јубилејна победа! sezahrana.mk е победник во категорија Храна и Здравје!

10 годишнината ја заокруживме со јубилејна победа! sezahrana.mk е победник во категорија Храна и Здравје!

Што е Сѐ за храна? – Љубов! – Ова е најблиску до точен одговор за тоа што е sezahrana.mk за нас од самиот почеток. А што е она што правиме? – Ви сервираме проверени и веродостојносни информации и рецепти!

јубилејна победа

– Како велат, избери ја работата што ја сакаш и нема да мора да работиш ни еден ден. Така изминаа 10 години и годинава славиме јубилејна победа во областа на храната! Почнавме ние двете и низ годините имавме одлични дружби со бројни автори на рецепти, а сега имаме мал тим кој креира не само одлични рецепти, туку и издржани и проверени факти сместени во над 4000 содржини кои од вас се листани и до 500 000 пати месечно. Храната и здравјето беа причината поради која започнавме, па и денес се водилка на нашата работа!

Драги наши читатели, денес, благодарение на вашата поддршка и интерес, славиме прво место и победа во категоријата Храна и Здравје, на веќе традиционалната манифестација за Сајт на Годината во организација на MediaSolutions!

Благодариме што нѐ посетувате повремено или секој ден! Заедно со вас растеме и постигнавме над 140 000 фанови на социјалните мрежи, 5 000 000 посети годишно и 10 години успешна работа! Ние ги слушаме вашите желби и ги следиме најновите трендови кои вие, нашата публика очекувате да ве забавуваат и да ви служат како корисни алатки за здравјето и кујната. Останете со нас, продолжете да бидете наша инспирација и секако пишувајте ни што ново сакате да сработиме. Следете нѐ на веб сајтот sezahrana.mk и на нашите фан страници (Сѐ за храна, Креативни идеи и Македонски рецепти), група и профилот на Facebook, Instagram, YouTube, TikTok…, како и на нашите лични профили кои најлесно ќе ги најдете ако ја посетите групата на Сѐ за храна или Instagram профилот на sezahrana.mk.

До наредно видување останете ни во добро здравје, ваши Катерина Шамбевска Спасеновска (katerina.shambevska) и Марија Кочовска (kocovska.marija) уредници на најдобриот сајт за храна – sezahrana.mk во Македонија.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: