саем за волонтери битола

Сѐ за храна учествуваше на Саем за волонтеризам 2017

По трет пат во Битола, во организација на Американското Катче Битола и Амбасадата на САД во Македонија, се одржа Саем за волонтеризам 2017 . Саемот беше отворен за сите и посетен од голем број средношколци, студенти и млади професионалци кои се запознаа со актуелните волонтерски можности во Битола, регионот и Европа. На саемот се претставија 10 невладини организации од Битола и регионот, кои на заитересираните им ги презентираа своите волонтерски можности и ги споделија нивните успешни приказни и проекти.

саем за волонтеризам 2017

„И ние како Американско катче нудиме можности за волонтирање и со овој саем се трудиме да се поврзиме со останатите невладини организации од регионот и ова да го подигнеме на едно друго ниво. Оваа година за првпат го имаме Центарот за култура од Битола како еден од изложувачите, не е  невладина организација и се надеваме дека наредните години и други институции ќе се  вклучат во саемот“ – изјави Билјана Кузмановска Тасетовиќ – координатор на Американско катче Битола.

Претставниците на Сѐ за храна, на штанд ги презентираа тековните проекти, активности и преку работилница ги запознаа младите заинтересирани лица со мисијата, целите и можностите за нивно вклучување на семинари, обуки и хуманитарни акции.

Овој настан придонесе претставниците на здруженијата да се запознаат меѓу себе и да започнат соработка во идни проекти.

Ви предлагаме да прочитате: Сѐ за храна учествуваше на Саем за волонтеризам 2016.

Сподели: