Помина уште една убава година, споделуваме рецепти, совети за здравјето и кујната, правевме домашни лекови и дегустиравме традиционална храна. Се дружевме на настани, креиравме едукативни предавања, се дружевме со средношколците и со студентите од повеќе факултети и разговаравме за различни теми поврзани со исхраната и здравјето. Шетавме со нашите автори и пријатели, ги откривавме убавините на Македонија, а најповеќе уживавме во вкусот на традиционалната храна. Учествувавме во повеќе ТВ емисии, готвевме во живо и споделувавме препораки на различни теми. Бевме дел од повеќе хуманитарни акции и дониравме онаму каде што беше најпотребно. И на крај, сите вие кои ја поддржувате нашата работа, гласавте на изборот за Најдобар сајт 2017. Со заеднички сили, љубов и желба, сите ние потврдивме дека храната е област која многу ни значи, а квалитетот може да биде препознаен. Драги пријатели, да ве информираме дека ги добивме резултатите од изборот за Сајт на годината 2017. И овој пат, Сѐ за храна е меѓу најдобрите 10 сајтови во Македонија, во конкуренција од преку 200 пријавени сајтови.
